ТЕД настан: Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?
На 06.05.2017, со почеток од 19 часот во просториите на Кино Фросина, односно Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се оддржи TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан на темата „Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?”.На настанот ќе биде поттикната дискусија која ќе го предизвика вашето постоечко размислување за начинот на кој се поттикнува креативноста, се негува талентот и се создаваат креативни дела со економска, културна и социјална вредност. Ќе се отворат прашања за тоа која е нашата улога во поттикнување на развојот на талентите и дали и како соработката помеѓу различните дисциплини и сектори (уметност, дизајн, технологија, образование, здравство, итн.) ќе отвори можности за раст и развој на креативните индустрии?
Работилница за претставување на Скопје Лаб пред вработените во Град Скопје
Вработените на Град Скопје денес присуствуваа на претставувањето на Центар за иновации на Град Скопје - Скопје Лаб, кој што претставува експериментален простор и место за соработка каде што сите засегнати страни (граѓаните, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и академијата) заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и развиваат решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.