Како може да ја подобриме примарната селекција и одлагање на отпад од домаќинствата во Скопје?

Опис

Во Град Скопје во последните неколку години се имаат преземено многу активности и иницијативи за подобрување на одлагањето, собирањето и рециклирањето на отпадот од страна на различните актери во системот. Меѓутоа, и покрај сите напори сеуште со гледаме расфрлан отпад, диви депонии и несовесно однесување на граѓаните. Ова дополнително се поткрепува и со официјалните информации од извештаите на ЈП Комунална хигиена каде се забележува и зголемување на количините на отпад и количините на отпад по глава на жител од година во година.

Ваквите официјални податоци иако даваат одредена слика за состојбата не се доволни за да се добие јасна и целосна слика за проблемот со отпадот. Потребно е да се добијат подетални и поисцрпни податоци и информации кои може да не доведат до нови сознанија за проблемот и причините поради кој истиоте се јавува. Вклучување на граѓаните е клучно не само за да се дојде до овие информации туку и за да се дизајнираат решенија кои ќе бидат ефективни во справување со проблемот.

Бидејќи проблемот е комплексен Скопје Лаб има потреба од вас и вашето знаење. Доколку имате предлог за справување со овој предизвик слободно споделете ја вашата идеја овде. Сите оние кои ќе споделат свои идеи и предлози а кои ќе бидат избрани да бидат тестирани, ќе добијат можност да се вклучат во целокупниот процес на развој на иновативното решение.

Фокус на предизвикот ќе бидат 2 населби, една каде повеќе се застапни блокови со колективно домување а една со поголема застапеност на индивидуални домови. Целта е изнаоѓање решение кое ќе ги смени навиките на граѓаните во поглед на примарната селекција и одлагањето на отпадот.

Процес на работа

Фаза 1: Дефинирање на проблемот

Фаза 2: Теренско етнографско истражување

Фаза 3: Ко-дизајнирање на решенија (Генерирање на идеи)

Фаза 4: Развивање на прототип на решение

Фаза 5: Тестирање на предлог решение

Идеи

 

Сподели идеја