Паметна корпа – SmartBin

Целата наша идеја е да се направи една поврзаност помеѓу граѓаните и компаниите одговорни за отпадоците со цел да се подобри нивната работа, а воедно граѓаните да станат што е можно по еко-свесни.

Категорија:

Опис

Нашата предлог идеја – мобилна апликација се темели на два аспекти. Од едната страна, се осврнавме кон компаниите како што е Пакомак и Комунална хигиена на град Скопје со цел заштедување на трошењето на непотребни ресурси при празнење на неполни подземни корпи за рециклирање. Додека пак, од другата страна нашата цел е стимулирање на граѓаните да започнат со рециклирање и селектирање на отпадот, а ова целиме да го постигнеме преку еден вид на игра. Апликација го решава проблемот на залудното кружење околу празните канти за рециклирање. Нашето решение е поставување на сензори на подземните канти, кои испуштаат звучни сигнали и на тој начин ја определуваат оддалеченоста на отпадот.

Иако овој уред изгледа многу скапо, тој не е воопшто скап да се направи. Според информациите што ги добивме, голем дел од ресурсите на Комунална хигиена и компаниите како што е Пакома се трошат на залудно празнење на корпите за рециклирање кои што не се воопшто полни. Со таа цел, направивме мало истражување, па според групи пресметки пресметавме дека еден камион дневно троши да речеме околу 26$ за едно кружење околу Скопје. Доколку се заштеди неделно на само едно вакво непотребно празнење, ќе може да се исплати еден уред. Нашиот уред би чинел 27$ долари со сите негови делови. Значи, можеме да заклучиме дека во еден месец можат да се исплатат 4 уреди. По претпоставка дека целата инвестиција ќе се исплати за од прилика 2 години, со мал дел од овие средства имаме за цел да воведеме еден вид на наградна игра која ќе биде стимул за граѓаните да започнат да го селектираат и рецеклираат отпадот.

Вториот дел од нашата апликација се заснова на гејмификација, како веќе познат и успешен метод за мотивација на граѓаните(особено младите). Откако корисниците ќе се логираат на апликацијата тие имаат можност да скенираат некој од QR кодовите кои што се поставени на корпите за отпадоци. Во зависнот од тоа дали навистина корисникот фрлил отпадок во корпата, кое што го регистрираме со помош на сензорот кој што веќе го споменавме, на соодветниот корисник му се додаваат поени. Од анкетата што ја спроведовме, повеќе од 50% одговорија дека тие би започнале да го рециклираат отпадот без разлика на типот на награда која ќе ја добијат. Оттаму, одлучивме на крајот на месецот, корисникот со најголем број на поени да добие некаква награда.

Вкупно 4 гласови
0

Како може да се подобри оваа идеја?

+ = Проверка личност или бот?

Дополнителни информации

Презентација - SmartBin

https://drive.google.com/file/d/0BxUCqVJcA55IRFB2SW8wenlCSkE/view?usp=sharing

Коментари

  1. Супер идеја

Додај коментар