Селектирај и добиј награда

Нашата идеја е да ги наградуваме корисниците на нашата апликација за секое селектирање отпад. Тоа би го постигнале со поставување на QR код на секој контејнер за селектиран отпад, при што би направиле и мапирање на сите такви контејнери.

Категорија:

Опис

Нашата идеја е да ги наградуваме корисниците на нашата апликација за секое селектирање отпад. Тоа би го постигнале со поставување на QR код на секој контејнер за селектиран отпад, при што би направиле и мапирање на сите такви контејнери. Нашата апликација ќе им овозможи на корисниците да го пронајдат најблискиот контејнер за селектиран отпад и кога ќе го фрлат отпадот во него треба да го скенираат неговиот QR код. Секое скенирање им носи поени на корисниците, со што тие напредуваат низ нивоата на нашата апликација. Секое ниво носи нови попусти во кафулиња, ресторани, маркети и слично. Освен тоа, ќе ги рангираме и кафулињата, маркетите врз основа на нивната еколошка свесност (дали го рециклираат отпадот, колку ја поддржуваат нашата апликација со попусти и слично). Со тоа што ќе сакаат да бидат повисоко на оваа листа, а и со рекламата која ќе ја имаат во нашата апликација, ќе ги поттикнеме да нудат повеќе попусти за нашите корисници.

Вкупно 1 гласови
0

Како може да се подобри оваа идеја?

+ = Проверка личност или бот?

Коментари

Нема коментари.

Биди прв кој што ќе коментира на “Селектирај и добиј награда”