март, 2019

This is a repeating event

25мар09:0017:00Обука: Лидерство во акција - Бидете агент за промени

Повеќе

Опис

Водите сопствен бизнис и сакате да ги унапредите своите лидерски вештини? Тогаш, оваа обука е за вас. Местата се ограничени, а пријавувањето е во тек!

Формата на обуката е прилагодена за жени во бизнис. Обуката трае вкупно 4 дена и организирана е во 2 тренинг сесии, секоја во траење од 2 дена, со пауза помеѓу сесиите. Базирана е на најдобрите светски практики, интерактивна е и вклучува практични вежби и примери од секојдневниот живот. Обуката дава комплетен преглед на лидерството и на тоа како да се искористат лидерските техники за да се постигне долгорочен успех во бизнисот. Првата сесија е генерално фокусирана на лидерството и менаџментот и нивната важност, додека втората, која е комплементарна, се фокусира на практичните аспекти, како што се одредување таргети, менаџирање на работниот и животен баланс, комуникациски и преговарачки вештини и вмрежување.

Обуката ќе ја реализира APPLICATIO Training & Management (Germany) во соработка со CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија. Тие беа избрани поради нивното искуство во областа на лидерството и поради нивното знаење за тоа што значи успешно водење на една компанија и што е потребно за да се инспирира раст на истата. Обучувачи ќе бидат Елена Антовска и Зоран Витанов. Учеството на обуката чини 6.200 денари, а истата ќе биде на македонски јазик. Во цената на обуката се вклучени тренинг материјали, освежување итн.

Доколку сте жена-менаџер и сте заинтересирани за учество, контактирајте нé на petricht@ebrd.com или 023135078 за да ви испратиме апликација. Учесничките кои ќе бидат избрани, ќе ги контактираме дополнително.

Време

(понеделник) 09:00 - 17:00 CET

Локација

Skopje Marriott Hotel

Plostad Makedonija 7(Entrance from str. Maksim Gorki), 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X