The mind: An ever challenging puzzle

ноември 10, 2017 19:00

Град Скопје

Бул. Илинден бр.82 Скопје

389-2-3297-2

Човековиот ум е извонреден во целата негова комплексност и моќ. На престојниот настан ќе погледнеме неколку говори кои ќе ни ги раздвижат мислите и ќе не поттикнат да се истражиме себеси; со цел да дискутираме и да размислиме за некои повисоки и подлабоки концепти.

Настанот ќе се оддржи на 11.10.2017 со почеток од 19 часот во просториите на новоотворениот Центар за Иновации на Град Скопје, СкопјеЛаб. Настанот е организиран во склоп на серијата TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани.

Овој настан за разлика од стандардните TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани е од понеформален и поинтимен карактер, имајќи за цел развивање на неструктурирана дискусија врз база на неколку TED и TEDx говори кои ќе се прикажат а чија цел е визионерско размислување. Согласно карактерот на настанот, отсуството на експерт гости и просторот – бројот на учесници е лимитиран на 15.

Настанот е независно организиран ТED настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Како да аплицираш?
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: https://goo.gl/forms/jCVKWXm0aCgnTB1M2

Поддржувачи:
Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, Град Скопје Официјален профил, FINKI – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Social Innovation Hub Skopje, SmartUp – Social Innovation Lab