Бенде

Премини на приказната

„…Моето маало, Карпош 1, ми е едно така поомилено место. Со друштвото сме некако ко That 70’s Show. Седиме по пижами како ропаци на клупи и си пиеме пивце… Од кафичи пак, Бела ми беше омилена ама нели ја затворија… Затоа моментално Котур ми е најместо онака. Такво е, ретро ептен. Скопје е многу уникатен. Јас лично не го сакам многу модерното Скопје, го сакам она ретро Скопје, од минатото , со ретро македонска музика. Најомиленото нешто во Скопје ми е алтернативната сцена. Парк , школка… Минус еден најмногу го сакам. Но сепак, мислам дека има малку алтернативни сцени и луѓе. Дефинитивно би сакала да се смени уметноста. Не дека не е почитувана толку ама можеме да ставиме повеќе акцент на неа. Пример еве другар правеше изложба и луѓето што присуствуваа не ја гледаа вистинската вредност на тие дела. Мислењето на луѓето најчесто е : “ej па секој го може тоа”, „на интернет можам да го најдам“… а навистина не е така, не е толку едноставно како што помислуваат луѓето што не пробале. Ми се свиѓа што сме отворени кон примање на друга култура, апсорбираме на некој начин други култури. Најмногу ме нервира во Скопје тоа што ништо не работи 24ч. Коа живеев у Солун онака ќе си излезев у ниедно време кафе да си купам од кафич. Како ноќен човек ми одговара да седам, касно, на чил места , не мора диско да биде. Пред да идам во Солун , одвај чекав да искочам од Македонија , зошто се некако ми беше монотоно, ништо интересно не се случување. Со текот на времето, ме фаќаше носталгија, сепак Скопје ми е домче. Кога ќе отидеш во странство сфаќаш колку ти значи и повеќе ја почитуваш енергијата на твојот град. Културата, луѓето, јазикот се тие работи, тука ти се. Ако би имала последен ден во Скопје би отишла на Водно прво, од сабајле со друштво. После на кафе во Гаража (до Бела). Би отишла и во кино. Пример Милениум или Кинотека. У Кинотека општо обожавам да одам бидејќи има недела на филм од одредена култура, како француска ,хрватска, а особено ако има нешо азиско – јапонска, корејска…- одма одам…“