Дебели и среќни

Премини на приказната

(Кристијан не е на сликата ама сè уште е во бендот…) 
„…Ерик,Филип и Кристијан. Ние сме „Палиндром“ (без да ја откриеме мистеријата позади името). Постоиме од 2013та година и формирани сме во Скопје. Местово со својата убавина и чудност што ја има ни помогна да твориме. Ова е наш град, сите ние сме тука родени и израснати. Покрај сите убавини и неубавини што се случуваат, ние директно влечеме некоја идеја од него. Тоа ни дава некаква инспирација за да твориме како група. Кога би добиле на лото, сума која треба да се вложи во Скопје, најпрво би ги пополниле сите дупки во градот. Хахаха… Би направиле дефинитивно некое второ МКЦ, каде што ќе може да се одржуваат уште повеќе концерти, каде што ќе се се развива уште повеќе културата во градот. Да биде убаво место полно со љубов и инспирација. И дефинитивно би ги донеле Red Hot Chilly Peppers, со стариот гитарист. Тука се чувствуваме стварно како дома. Мислам дека не може поубава реченица да се каже за градов… МКЦ ни е омилено место за презентирање на нашата музика. Со секоја наша свирка таму се чувствуваме се повеќе како да свириме на “наш терен”. Буквално секоја свирка си донела свој момент што ќе го помниме цел живот. Во тоа е убавината нели… Да имавме последен ден во Скопје би го потрошиле на спиење у МКЦ, но прво би се избањале у Вардар…“