Добротворен педантен рокер

Премини на приказната

„…Kога бев помлад, бев дел од неколку бендови. Тогаш се живееше за музика а музичката сцена во Скопје беше… Во тоа време на прво место беше музиката, па после се останато… барем за мене… Уште од средно бев во бенд. Дур учев у Јосип Броз броев минути, едвај чекав да завршат часовите за да одам на проба да свирам. Тогаш вежбавме карши арт клубот, во домот на градежници. Имаве многу свирки, еден куп настапи. Сè се свиреше во живо. Прават ‘Леб и Сол’ концерт. Првото нешто што го праиш е одлепување на плакат од Рекорд (или негде). Па гледаш да не ти се скине ама и да не те видат. После си купуваш карта и идеш на Кале и уживаш. Не само они, туку и многу други бендови доаѓаа, имаше многу свирки. Има многу интересни случки од тие денови. Сме свиреле за независност на Македонија, сме свиреле концерти со Нулта Позитив у Хард Рок, сме патувале со наши коли со приколки и со разглас… Па знаела да ти се зезне колата од ниските температури па да не можеш да си дојдеш дома од Ресен или да е толку ладно во салата каде што свириме, парното да не може да постигне, и свириш со монтка… Ти се кине жица и не ни помислуваш да ја смениш… Хахаха… Имало и убави настани но знам дека сами си се организиравме, свиревме, сами си носевме разглас и ред други работи. Тоа ми остана како најдраг спомен од тоа Скопје. Скроз независни музичари… Си го сакам градов. Во него се чувствувам како дома. Кај и да одам, пак сакам „дома“ да се врата…“