Future world changer

Премини на приказната

„…Градов ми оставил многу впечаток преку рок журките, каде што одев кога бев средно. Некако беше некој простор и некое време каде што имаше мноооогу дружење. Едноставно Скопје живееше… Скопје лудуваше… Ете кога би зборувала за такви журки ќе ги издвојам Таксират, СкопјеГори, Земјотрес… Мислам општо многу ги сакам културните и музичките настани што се случуваат во градов. Е сеа факт е дека ги нема доволно, а и оние кои ги има не се доволно поддржани и потенцирани. За жал, многу малце се промовираат алтернативните дешавки. Сосема напротив, јас сакам да ја видам онаа поддршка на младите и нашава феноменална алтернативна локална сцена. Треба да се поддржи она што го сакаат и бараат младите бидејќи е многу битно да останат овде. За тоа да се случи треба малку повеќе да ги рашириме хоризонтите, на она што во Скопје може да се донесе и овозможи. Во градов се чувствувам како дома… Дома дефинитивно бидејќи цел живот тука живеам. Сè ми е тука…сите ми се тука… Не знам, да би имала последен ден сигурно најпрво би отишла кај баба ми и дедо ми, во Карпош 4 во руските згради. Тоа е местото каде што пораснав и осеќам дека буквално како личноста да ми е таму.  Многу ми е тешко да одвојам едно омилено место во Скопје, но еве… Може да биде место за искачање, на пример сектор, а може и да е некое местенце каде што се шетам со кучето, деловите на Карпош 4…“