Кои сме ние?

Премини на приказната

Запознајгископјани трага по гласот на градот, а тој може да се слушне само преку оние кои постојат и битисуваат во него – граѓаните. Скопјани го пренесуваат она што го содржи и не го содржи овој град преку своите зборови, приказни, желби и жалби. Ова е медиумот кој преку фотографии и изјави го прикажува сето тоа.

Запознајгископјани e тим од млади, згодни и неопходни ентузијасти кои посакуваат Скопје да стане тоа што вистински (не) е. Целта е да се прикаже моменталната слика на овој град, вклучувајќи ги сите негови недостатоци, проблеми, позитивни страни и можности.

Зошто? Како граѓани се чувствувавме ретко прашани за нашите идеи и сугестии за местото во кое живееме. Дополнително, сметаме дека скопјани (не)свесно ги избегнуваат сите позитивни и убави страни на градот, целосно предавајќи се и зборувајќи за оние негативните. Па така се роди идејата за нешто што би го поправило сето тоа.