Маалски сеирџии

Премини на приказната

„…Коа ќе се спомне Скопје прво ни текнува на Вардар и на Силбо… А после и на сите наши навики. Најбоље ни е кафето у Gallery и Излет, а често седиме и у Grind. Маалски, опуштено, пишуваме спортска,  си имаме Sport Life одма до нас. Искрено ноќниот живот во Скопје е сиромашен. Некако у последно време се распаѓа. Нема диска за искачање, нема кај да идеш. Бараме нешто ново и различно у градов. Сакаме диско/клуб, опуштено како Капан ан, фокусирано само на рап музиката. Да биде нешто несекојдневно, на некоја интересна локација. Желни сме и за повеќе техно и рап журки. И дефинитивно  почести концерти на Страјк. Е сеа од друга страна па, у Скопје фалат и читални, библиотеки за учење. Треба да имаме поголем избор во таа сфера, да моеш да отидеш на топло, чисто и средено, и да не ти речат еј нема место. Без сомнение – обнова на ГТЦ! Да ни се врати у старата форма како што беше, полно со народ, со убава атмосфера, привлечна. Моментално личи како да влагаш во хорор филм, без луѓе и наоколу напуштени објекти. Едноставно, едноставноста на животот ни фали. Да можеме да се снаоѓаме полесно во некои работи. Градот да ти пружи поедноставен живот и случувања…“