Опуштен фраер

Премини на приказната

„…Скопје нуди како град. Ако знаеш да препознаеш мислам дека моеш да го извлечеш најдоброто од него и да ти е онака топ. Сепак, може и треба да се подобри во многу аспекти. Првенствено треба да се вложи во животна средина. Тоа е нешто, што е многу битно. Исто така да се поттикнат посоцијални настани. На пример да има поише фестивали. МКЦ – едно ни е, треба барем уште едно такво место да се напраи, ако не и повеќе. Би сакал да глеам луѓе што се движат со велосипеди и јавен превоз. Да се најде начин како да се поттикнат луѓето да ги остаат колите. Хаотично е малце у Скопје. Се градат се поголеми булевари а треба обратното да го правиме – да се праат поголеми патеки кои ќе се користат. Назад сме 100 години од другите ама мислам дека ако малце колективно се потрудиме, ќе мрднеме. На крајот на денот, во Скопје се чувствувам како дома. Не би го менувал за ништо. Сум размислувал да идам негде надвор да учам ама има нешто посебно што ме здржува овде и што секогаш ме тера да се вратам. Едноставно, Скопје е местото кај што се пронаоѓам. Омиелно место ми е Излет, класика… Мислам дека треба да има многу повеќе места што се како Излет. Така, опуштено, ретко место каде што се осеќаш чил. Последен ден во Скопје – би го почнал денот со кафенце негде, па прошетка во Парк, може некое пиво, музиче и секако некое журче, нешто МКЦ, Сектор…“