Откачена и модерна

Премини на приказната

„…Скопјани, она што го прави Скопје поубаво. Позитивни луѓе, секогаш спремни да си помогнат. Сметам дека Скопје е дел од побезбедните места за живеење, што многу влијае на живот на младите луѓе. Многу пати кога сум разговарала со врсници од други држави, сум имала прилика да слушнам најразлични искуства и рутини, како тие го живеат животот додека се гимназијалци или студенти. Тоа ме доведе и до заклучок – Скопје има најразновиден и многу интересен ноќен живот. Моментално сум среќна и задоволна што живеам тука, но со текот на времето како што се менува светот сметам дека и ние како држава би требало да одиме напред. Градов има голем потенцијал. Може да се организира повеќе, а мислам дека ќе се случи тоа.  Младите генерации прават многу работи и се трудат да влијаат за да направат некаква промена.  Би сакала и јас да бидам дел од сето тоа и да влијаам на било каков начин. Не се гледам тука како студент само затоа што нема баш услови за тоа што ме интересира, дизајн и мода. Но, дефинитивно би се вратила да работам и да променам нешто. Тоа нешто сигурно ќе биде најпрво во модата. Исто така, треба да се смени начинот на кој што се гледаат настаните во Скопје. Обично луѓето се незаинтересирани за работите што се случуваат. Треба таа (не)свест малце да се промени. Да почнеме повеќе да се поддржуваме и да споделуваме работи за да дојдеме до она што го посакуваме…“