Преродени

Премини на приказната

Скопје има посебен дух,  никој не може да го осети  и да го доживее освен ние што тука живееме. Скопје го сакаме ради  микро кругот на радост, луѓето со кои се дружиме,  се забавуваме и за кои се грижиме..Иако се прелоши скопските улици за велосипеди, сепак за да го доживееш Скопје вистински треба да имаш велосипед. Поради ова сакаме дефинитивно многу поозбилно да се земе мисијата на групата „На точак“ и да се продожли истата. Исто така Скопје некако е град со сива бруталистичка архитектура , има многу ѕидови кои се неискористени, тие дефинитивно треба да служат како платформа за стрит арт и како место на кое уличните уметници ќе се изразат. Последниве 10 години во Скопје музиката е „намалена“ и на отворено и во кафичите таа се повеќе замрува, а со тоа и самите ние.Порано беше многу многу погласна. Сите настани кои постоеле некако ги снемува а спротивното треба да биде. Како на пример  tribute event-ите на филхармонија  многу го интегрираат народот, се собираат фамилии, убаво изгледа, треба што повеќе такви ствари да се дешаваат, повеќе пати годишно. Има доста медиуми што не се застапени, театарот е, кафичи и диска имаме ама кабаре, стриптиз клубови, coffee shops немаме, треба да се постојат дефинитивно!