Прогресивен критичар

Премини на приказната

„…Сакам да гледам повеќе среќни луѓе на улица. Луѓе на точак, луѓе што користат јавен превоз. Сакам чист воздух! Во Скопје се чувствувам слободно, имам простор за буквално сè, од културно издигнување до психоделично доживување. Особено ги сакам летните ноќи пропратени со долги прошетки и незаборавни искуства. Ноќниот живот во Скопје е посебен, некогаш досаден, но сепак уникатен. Ми фалат добрите Фанки Фреш журки во Капан Ан (што во последно време се реткост), долгите ноќи поминати во Епи и Сектор, Пивофест, оној поранешниот… Сакам да ги слушнам пак Чиста Околина, САФ… Ако би сменил нешто во градот тоа би било народот. Моментално е конзервативен и непрогресивен, исполнет со лоша идеологија за животот. Сепак кривица за сè тоа е нашето образование, кое ја уништува уникатноста, ја тера индивидуата да се сплоти со масата. Скопје е град исполнет со јазли. Посебно нашата генерација е онаа од која започнуваат тие генерациски јазли, но сепак постојат силни карактери кои се борат да ја освојат својата уникатност. Ако некогаш си одам од Скопје најпрво би отишол на кафе во Излет, на плочник да се начукам (нема само да се начукам) и да завршам во Сектор, Епи или КапанАн и на крај на афтерот да се истера во моето маало – Маџари…“