Зависник од насмевка

Премини на приказната

Ја сум тука од 63 година. Го знам скопје, со ниски куќички и зградички. Денеска ништо не е исто, истите улици наликуваат на бетонски тунел. Тој момент мене ме гуши. Не се дружиме више. Сите на Фејзбук застанавме, по некое мал разговор во маркет и толку. Нашата генерација ја разделија различните општествени мислења. Сакам дружење во вистинскиот живот, таква особа сум, а тоа е се поретко во денешницава. А веќе никој со никого не се гушкка. Освен, забележав дека децата во Парк се гушкаат. Летово со нив се дружев. Нешто дефинитивно се случи со луѓето што сега тие сакаат да уништуваат без причина, клупи, лулашки , паркови… Одевме на Кривина тоа беше некако како плажа, маж ми ловеше риби, децата си пливкаа. Многу беше убаво, но кривината ја снема. Се радувавме на ситници, на бистра вода. Како мала пливавме во вардар, на градска плажа. Мајка ми ни мачкаше маргаринче и лебче и тоа кога ќе се стопеше и солца, понекогаш и патлиџан ако имаше пари. Јас немав врска од пливање, само ме носеше вардар и јас полека одев по камчињата, сепак за мене тоа беше вистинското нешто. Изнемоштена од пливање и си јадам леб и маргарин.  

Не бев посебна, дете на воено лице , а моите другарки прчли- деца на подмајори и пуковници. Имаше разлика меѓу нас, но тоа што јас го имав ми беше доволно , ме исполнуваше, бев среќна. 

Среќна сум во Парк, во нашиот парк. Само што ми ја нема таа топлина, нема толку многу деца колку порано. Кога има некои дружби јас тогаш доаѓам. Јас сум многу разочарана, главно до животот, и ми требаше добра енергија. Имаше еден настан за деца со даунов синдром и аутизам и одлучив да отидам да им дадам поддршка . Интересното е што они мене ми дадоа на мене. Јас се вратив дома среќна. Многу ме разнежнија. Градот се труди за инклузија на таквите лица. Тие имаат премногу љубов во себе, обожаваат да се гушкаат. На крај испаѓа дека не се они тие со посебни потреби, ние сме што не знаеме да се гушкаме.