This is a repeating eventмарт 25, 2019 09:00
Обука: Лидерство во акција - Бидете агент за промени
18мар09:0017:00Обука: Лидерство во акција - Бидете агент за промени
Опис
Водите сопствен бизнис и сакате да ги унапредите своите лидерски вештини? Тогаш, оваа обука е за вас. Местата се ограничени, а пријавувањето е во тек! Формата на
Опис
Формата на обуката е прилагодена за жени во бизнис. Обуката трае вкупно 4 дена и организирана е во 2 тренинг сесии, секоја во траење од 2 дена, со пауза помеѓу сесиите. Базирана е на најдобрите светски практики, интерактивна е и вклучува практични вежби и примери од секојдневниот живот. Обуката дава комплетен преглед на лидерството и на тоа како да се искористат лидерските техники за да се постигне долгорочен успех во бизнисот. Првата сесија е генерално фокусирана на лидерството и менаџментот и нивната важност, додека втората, која е комплементарна, се фокусира на практичните аспекти, како што се одредување таргети, менаџирање на работниот и животен баланс, комуникациски и преговарачки вештини и вмрежување.
Обуката ќе ја реализира APPLICATIO Training & Management (Germany) во соработка со CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија. Тие беа избрани поради нивното искуство во областа на лидерството и поради нивното знаење за тоа што значи успешно водење на една компанија и што е потребно за да се инспирира раст на истата. Обучувачи ќе бидат Елена Антовска и Зоран Витанов. Учеството на обуката чини 6.200 денари, а истата ќе биде на македонски јазик. Во цената на обуката се вклучени тренинг материјали, освежување итн.
Доколку сте жена-менаџер и сте заинтересирани за учество, контактирајте нé на petricht@ebrd.com или 023135078 за да ви испратиме апликација. Учесничките кои ќе бидат избрани, ќе ги контактираме дополнително.
Време
Локација
Skopje Marriott Hotel
Plostad Makedonija 7(Entrance from str. Maksim Gorki), 1000 Skopje