За нас

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб е експериментален простор и место за соработка. Во Центарот граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските, јавните и образовните организации и институции заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и да развиваат иновативни решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.
Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните, ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.
 Ние веруваме дека ова е вистинскиот начин да се подобри работењето на Град Скопје, а со тоа и квалитетот на живот на жителите на Скопје.

Со цел генерирање на иновативни идеи Скопје Лаб:

  • користи интерактивни методи на комуникација 
  • спроведува истражувачки активности за идентификување проблеми и потреби
  • организира работилници за генерирање идеи, развој и нивно тестирање со сите засегнати страни
  • организира настани (хакатони, гејминг сесии, предизвици, crowdsourcing, crowdfunding, итн.)

За да ги изгради и зајакне капацитетите за иновации на администрацијата на Град Скопје, а и на граѓаните, Скопје Лаб:

  • реализира тренинзи и работилници
  • дизајнира процеси и модели за развој на иновации
  • организира едукативни настани
  • обезбедува база на публикации, студии на случај и материјали поврзани со иновации во јавен сектор

За да ја зајакне иновациската култура во Град Скопје, Скопје Лаб:

  • развива наградни шеми за иноватори
  • дава поддршка во воспоставување на партнерства со различни национални и интернационални организации
  • промовира успешни идеи и приказни за иновации од Град Скопје низ земјата и надвор

Поддржувачи

СкопјеЛаб е основан од страна на УНДП и Град Скопје и како прв центар за иновации во јавен сектор основан во склоп на јавна институција на Балканот Скопје Лаб нуди еден поинаков, иновативен и експериментален пристап во справувањето со предизвиците и како таков би требало да служи како пример кој требало да го следат и другите градови во земјата и пошироко за полесно да се одговори на барањата на граѓаните.

Раководење

Со центарот раководи СмартАп Лабораторија за социјални иновации која е специјализирана во областа на развој на иновации во јавен сектор.

Линк од веб страната:
https://www.innovationlab.mk/

X