Граѓанин Европа

21мај14:0017:00Граѓанин Европа

Опис

МакеДокс и Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со радост ја продолжуваат соработката со мајска проекција на Citizen Europe со поддршка од Moving Docs и Goethe-Institut Skopje.

Упатуваме покана до сите патувачи и сонувачи, љубопитни за нови искуства, нова култура, нов живот, а и оние кои не се, можеби ќе се предомислат. Покана до сите поранешни и идни учесници на Еразмус од сите возрасти.

Резервирајте си го 21ви мај за во Амфитеатар 3 на Филолошки. Учесниците во дискусијата по филмот, која ќе ја модерира г-а Тања Кригер, директорката на Гете-институт, ќе ги објавиме дополнително.

Документарниот филм „Граѓанин Европа“ раскажува пет приказни на учесници во Еразмус програмата кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина. Млади од Франција, Германија, Полска, Бугарија и Етиопија патуваат за Литванија, Финска, Грција и Ирска и мораат да се адаптираат на различни култури и менталитет.

Филмот прави споредба на искуството на денешните млади учесници во Еразмус програмата со првите учесници од 1987. Преку стари фотографии и аматерски видеа тие се сеќаваат на Европа каква била и како тоа искуство влијаело на нив.

Наспроти моменталната европска криза дополнително разгорена од невидената стапка на невработеност кај младите, стравот од бегалската криза и Брегзит, нивните патувања нудат птичја перспектива на еден континент во транзиција и разбирањето за многуте лица на Европа.

Бујрум на филм и дискусија.

Повеќе

Време

мај 21, 2019 14:00 - 17:00(GMT+00:00)

Локација

Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, УКИМ

булевар „Гоце Делчев“ 9А, 1000 Skopje, Macedonia

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *