Омнибустопија

18дек20:0023:00Омнибустопија

Опис

Уникатен и несекојдневен настан во нашиот град! Во среда, на 18 декември 2019 година, во 20 часот, во нашиот мобилен културен центар на тркала (автобус на ЈСП) ќе започнеме едно мултиуметничко патување низ Скопје. За што се работи?

Зборно место ќе биде автобуската постојка „Фонтана“ во Градскиот парк Скопје, 15 минути пред 20 часот. Таму ќе нè чека изнајмен ЛАЗ (украински) автобус на ЈСП. Потоа сите заедно ќе влеземе во него и нашето уникатно културно патување ќе започне. Трасата ќе биде низ следниве населби: Градски парк, Карпош 1-4, Влае, Ѓорче Петров, Тафталиџе, Козле, Кисела вода, Аеродром, Чаир и повторно назад, пред Градски парк.

Штом автобусот тргне, предавање ќе има Vangel Nonevski (со времетраење од 30-40 минути), на тема „Скопје 2014: урнисување на културата на средбата во скопскиот јавен простор“. Потоа, ќе следуваат прашања и кратка дискусија со патниците во нашиот мобилен културен центар. Веднаш потоа, на подвижната сцена стапуваат Ана Голејшка Џикова и Ѓоко Здравески од Астални Проекции, кои, заедно со нивната мрежа на поетеси/поети, ќе имаат настап, сличен на оние кои своевремено ги организираа во Менада и кои беа особено популарни. Нивниот настап ќе трае до околу 22 часот, кога предвидуваме дека ќе заврши и големиот круг со автобусот околу Скопје. Штом автобусот повторно ќе се стабилизира пред „Фонтана“, нашиот настан ќе го затвориме на најдобриот можен начин: едночасовен концерт во автобусот ќе одржи еден од најквалитетните џез состави во Македонија – Светлост, во состав Нинослав Спировски (саксофони), Дени Омерагиќ (контрабас) и Кристијан Новковски (тапани).

Образложение и мотивација: Омнибустопија има за цел да ја придвижи културата од центарот кон периферијата на Скопје и да ги помести границите на постојните културни и уметнички случувања во градот, надвор од фиксните, востановени места наменети за слични настани. Исто така, настанот има цел да создаде можност и пристап до културата за публиката од периферните делови на градот и да понуди инспирација за слични културни случувања во иднина.

Настанот е поддржан од Град Скопје, во рамките на нивниот јавен повик „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“, но немаше да биде можен и без несебичната помош на Радмила Кирковска и JSP Skopje (ЈСП Скопје). Организатор на настанот е Аксиома – Асоцијација за културна соработка и истражување: Vladimir Lukash (воедно и дизајнер на каверот за настанот), Jordan Šišovski и Вангел Ноневски.

ВАЖНО: Со оглед на големината и капацитетот на автобусот, а имајќи предвид дека настанот е бесплатен, бројот на посетители е ограничен на 70, така што, за жал, треба да имате предвид дека предност за влез ќе имаат оние кои на време ќе пристигнат на зборното место.

Повеќе

Време

декември 18, 2019 20:00 - 23:00(GMT+00:00)

Локација

Градски Парк Скопје

Градски Парк Skopje 1000

Other Events

Get Directions

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *