Инспекторат на Град Скопје - Отворени податоци
Град Скопје во изминатите неколку години активно се залага и работи на отварање на податоците на градот со цел постигнување транспарентност кон јавноста, давање моќ на граѓаните за активно учество во процесите на креирање и донесување мерки и политики, како и за зајакнување на ефикасноста и оптимизација на ресурсите.
Како партнер во иницијативата Отворено Владино Партнерство досега градот има отворено неколку дата бази на податоци и тоа од областите транспорт, енергија, вода и зеленило.
Сепак и покрај досегашните напори градот ја препознава важноста да се продолжи процесот на отворање на податоците со оглед дека сѐ уште пости недоверба од страна на граѓаните за работењето на локалните самоуправи и нивниот ангажман.
Покрај транспарентноста и ефикасноста, други две важни придобивки од отворените податоци се гледаат и во подобрување на јавните услуги на градот и во зајакнување на иновациите и создавањето на економска вредност. Отворените податоци претставуваат нови можности за градот да соработува со граѓаните и да ги оценува услугите и политиките, додека на бизнисите, особено претприемачите им дава можност подобро да го разберат пазарот и да развијат продукти и услуги базирани на реални потреби
За да се поддржи процесот на отворање на податоците од градот, во периодот Октомври 2019 – Март 2020 тимот на Центарот за иновации на Град Скопје во соработка со Инспекторат на Град Скопје, работеше на дигитализација и визуелизација на податочни сетови од Инспекторатот, во форма на отворени податоци, користејќи ја алатката PowerBI.
Целите на отворањето на овие податоци се да му помогне на секторот да дизајнира подобри планови за работење, да носи брзи и ефективни одлуки и да може да го подобри процесот на следење на остварувањата.
Дополнително да им обезбеди на другите јавни институции особено локалната самоуправа да носи подобри мерки и одлуки за справување со дел од предизвиците како одржување на чистота, заштита на животна средина итн.
- Собирање и дигитализацијана податоци
- Осмислување на рамка и структура за јавно и интерно прикажување
- Визуелизација на податоците со имплементација на рамката
- Отворање на платформата за јавноста
- Промоција на платформата
За да се одговори соодветно на предизвикот и да се остварат посакуваните цели, процесот се базираше на активна соработка помеѓу СкопјеЛаб и вработените од Инспекторат кои заеднички работеа на креирање на рамка за структирање на податоците и дефинирање начини за најсоодветно прикажување, т.е визуелизација. Ова беше со цел обебзедување лесен пристап и можност за активно користење на платформата од страна на граѓаните.
За визуелизација на податоците Скопје Лаб ја користеше алатката PowerBI која претходно се користеше и за визуелизација на податоци од секторот за животна средина – Скопје се загрева. Дата сетовите преставени во дигитална форма, се всушност податоци од 6 месеци на работата на Испекторат на Град Скопје, поконкретно одделенијата за инспекција за животна средина, комунална инспекција и комунални редари.
Процесот резултираше со 2 верзии од платформата.
- Првата верзија е јавна платформа со отворени податоци за граѓаните (без приказ на лични податоци),
- Втората верзија е интерна платформа за вработените во Инспекторатот
Платформата за граѓаните нуди можност за брзо анализирање на остварувањата на одделенијата на инспекторат, креирање на различни сценарија кои даваат слика за причинско последични односи кои поттикнуваат размислување за нови решенија итн.
Во тој контекст дава можност за анализа на податоци по општини, тип и вид на прекршоци, глоба, прекршоци за физички/правни лица, увид во предмет/инспектор и наод, законска основа итн.
Со интерактивно прикажување на податоците и нивно користење во дизајнирање на мерки и донесување на одлуки ќе бидеме чекор поблиску да го направиме Скопје подобар град за живеење.