СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости

Поддршка во воспоставувањето на Развоен Институт Скопје

Со завршување на проектот Скопје Лаб и неговата еволуција во “Развоен Институт Скопје” чии основачи се Град Скопје и Универзитетот Св Кирил и Методиј, се појави потреба од пренос на знаење и поддршка за да се овозможи ефективна транзиција за луѓето и организациите вклучени во проектот.

Цели и активности

Во тој поглед, тимот на Скопје Лаб го подржаа формирањето на фондацијата со:

  • Организирање на 5 работилници со клучните актери – Град Скопје, претставници од УКИМ, УНДП и тимот на СмартАп (3 физички и 2 онлајн). Главната цел на работилниците беше да се постигне договор за мисијата, визијата и целите кои фондацијата ќе ги промовира, да се дефинира управна структура и да се дефинираат неколку клучни приоритети за почетокот.
  • Нацрт на главната документација потребна за основање на фондацијата за да се олесни комуникацијата помеѓу тимот на градот, советот на градот и универзитетот.
  • Подготовка на целата пропратна документација за да се забрза процесот.
Резултати

Процесот за основање на фондацијата моментално се наоѓа во последната фаза и се чека на официјално одобрение од Централниот Регистар на Република Северна Македонија.

Coat_of_arms_of_Skopje.svg (1) (1)
УКИМ
download

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X