СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости

Работилницa за дефинирање на модел за доработка и одржливост на зелен катастар

За да се подржи споделувањето на податоци и информации релевантни за граѓанскиот сектор во Скопскиот регион, тимот на Скопје Лаб, со поддршка од Одделението за соработка и поддршка на здруженија и фондации на Град Скопје, работеше на развој на веб регистар и платформа за комуницирање за НВО.

Цели и активности

Со цел развој на веб регистарот, тимот на Скопје Лаб:

  • Спроведе анализа на постоечките бази на податоци за НВО
  • Спроведе истражување за да се дефинираат идните потреби на НВО врзани со регфистарот
  • Изведе технички развој на платформата
  • Направи прирачник за корисници

Освен тоа, тимот изработи:

  • База на податоци со повеќе од 4000 активни НВО на територија на Скопје
  • Mailchimp (Newsletter) профил со 2000 активни НВО адреси, кој ќе се користи за промоција на платформата и иницијална покана
Резултати

Платформата им овозможува на НВО да отворат сопствен профил, преку кој можат да ги промовираат нивните активности, проекти и настани, а истовремено да добиваат редовни известувања за соработка и учество во акции и проекти од градот. Порталот е директно врзан со базата на НВО на градот, за да се овозможи редовно ажурирање и проток на информации.
Платформата им овозможува на граѓаните, компаниите и организациите да пристапат до информации за НВО секторот во Скопскиот регион, со што се поттикнува основањето на нови партнерства и соработки.

Онлајн платформата може да се пристапи на nevladini.skopje.gov.mk

Следни чекориме

Во периодот Јуни-Август, тимот актвино работеше на промоција на платформата преку newsletter, кампања на друштвени мрежи и директен контакт со НВО.
Во следниот период ќе направи и оценка на задоволство на корисници од платформата со цел нејзино постојано подобрување.

Coat_of_arms_of_Skopje.svg (1) (1)

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X