Велоштад
Во текот на 2020 година тимот на Скопје Лаб работеше на дизајнирање на концепт за реализација на Вело Паркинг, реализација и имплементација.
Целта на проектот беше:
- Да се прикаже важноста на граѓаните во процесот на дизајнирање на јавните површини и вредноста која ја носи понатаму, особено во делот на одржување и промовирање на истите.
- Да се ревитализира и разубави запуштениот простор во склоп на Транспортниот центар Скопје.
- Да помогне во ублажување на ефектите од урбаните топлотни острови .
- Да промовира алтернативен и интермодален транспорт
Проектот беше реализиран во неколку фази:
Фаза 1: Дизајнирање на процес за реализација на Вело Паркинг
- Спроведување на меѓу-секторска работилница за изработка на повик за дизајн на решение за Вело Паркинг (видете повеќе).
- Објава на повик за учество на предизвикот наменет за мултидисциплинарни тимови (видете повеќе)
Фаза 2: Спроведување на процес за редизајн на јавниот простор во склоп на Транспортен Центар и дизајнирање на Вело Паркинг преку објава на предизвик
- Деталните активности за оваа фаза погледнете ги овде
Фаза 3: Промоција на решението и воспоставување на партнерства за имплементација
Фаза 4: Имплементација на решението и промоција (видете повеќе)
Целиот проект беше воден според методологијата на Дизајнерско размислување која го става корисникот во центарот на решението и обезбедува изнаоѓање на решенија кои соодветно ги адресираат проблемите/предизвиците на истите.
- Отворен првиот Велоштад во Скопје во склоп на Транспортен центар
- Активирани околу 50 граѓани во процесот на дизајнирање на вело паркингот
- 10тина претставници од јавниот сектор запознаени со пристапот на ко-дизајнирање со цел ефективно адресирање на проблемите/предизвиците и обезбедување на транспарентност на процесите
- Зајакната соработката меѓу градот, јавните претпријатија, приватниот сектор, невладините и интернационалните организации кои работат во МК, прикажана преку заедничкото ко-финансирање на проектот
- Ревитализиран еден јавен простор
Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.