- август 18, 2021
- Центар за иновации на Град Скопје
- Новости
Изработка на проекти за финансирање од импакт инвестициско портфолио
Бидејќи финансирањето е клучно за понатамошен развој на работата на Скопје Лаб и реализацијата на портфолиото проекти, во изминатиот период, тимот активно работеше на идентификација на можности и подготовка на пријави за финасирање.
Неколку можности за финасирање беа идентификувани и со достапниот буџет 2 пријави беа изработени и поднесени.
Пријава за финансирање 1: IPA 2 за општини: Подобрување на Локални Владини Услуги преку иновативни концепти
Оваа можност за финасирање од ЕУ беше искористена за да се обезбедат средства за решавање на долгорочниот проблем со градежниот шут во Скопје.
Насловот на апликацијата е:RE-Construct (Re-use and management of Construction and Demolition Waste). (РЕ-Конструирање – Повторно искористување и менаџирање со градежен шут).
Во овој контекст беа извршени следните активности:
- Реализирани неколку состаноци со Град Скопје и ЈП Дрисла, за подобро да се разбере предизвикот, искуствата од претходните иницијативи со цел јасно дефинирање на предизвиците врзани со градежниот шут
- Секундарно истражување преку постоечки извештаи, планови и анализа, со цел собирање на податоци за развој на проектот
- 1 работилница за развој на идеи
- Развој и поднесување на концепт предлог
Откако влезе во потесен избор, тимот продолжи со развој на целосен предлог.
Дел од планираните активности вклучуваат:
- Оценка на состојбата и дефинирање на системски предлог за ефективно управување со градежен шут во соработка со сите засегнати страни
- Набавка на потребните системи за детекција на градежен шут и опрема за управување на истиот
- Изработка на водичи и соодветни тренинзи на лицата кои ќе управуваат со опремата
Поднесениот предлог беше одобрен од финасирачкото тело и неговата имплементација ќе почне во Август по официјално потпишување на договорот. Лидер на проектот е Град Скопје.
Пријава за финасирње 2: Bloomberg Mayors challenge 2021
Bloomberg Philanthropies, преку Bloomberg Mayor’s Challenge 2021 поддржува градови и нивното раководство во остварување на нивниот целосен потенцијал, зајакнување на лидерството, иновацијата, податоците и вештините за соработка. Повеќе за предизвикот може да се дознае тука.
За развој на пријавата за адресирање на барањата на предизвикот, тимот:
- Направи целосна анализа на повикот
Имаше тренинг за подготовка на предлогот - Организираше 3 работин сесии со тимот на градот за идентификација на предизвици и нивни потенцијални решенија
- Изработи целосен концепт за пријавата и ја поднесе во рок
Концептот кој беше поднесен предвидуваше созадвање на нов модел за соработка, преку кој ќе се врши инкубација на промените потребни за градот и граѓаните, преку основање на фондација на градот, подржана од клучните актери во градот. Фондацијата ќе биде двигател на урбани, општествени инновации, посветена на граѓаните, развој на системски решенија и зацврстување на екосистемот за соработка.
Вкупно 631 град поднесоа апликација за 2021 Global Mayors Challenge, од кои само 50 имаат пристап до светски препознаени експерти од областа на иновации како подршка за подобрување на нивните идеи. Петнаесет победници ќе добијат по 1 милион долари за да почнат со имплементација на нивните идеи.
Оваа година, Град Скопје не успеа на влезе во потесниот избор од 50 градови.
Сепак, искуството со овогодинешната пријава е добра основа за подобрување на предлогот и негово аплицирање идната година.