Градови на Иднината во Југоисточна Европа
СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации која го кординира Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб заедно со Град Скопје од август 2019 работат на проектот „Градови на Иднината во Југоисточна Европа“.
Проектот е под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/), во партнерство со Стопанска и индустриска комора на Србија, Банкари без граници (Обединето Кралство), Кооператива за зелена енергија (Хрватска), Демократско општество AISBL (Обединето Кралство) и градовите Марибор (Словенија), Сарајево (БиХ), Крижевци (Хрватска) и Ниш (Србија).
Градовите во Југоисточна Европа се соочуваат со многу предизвици дел од кои загадување на воздухот, лоша инфраструктура, неефикасни јавни услуги, емиграција и намалена доверба во јавните институции. Сите овие взаемно ги зајакнуваат негативните појави/ефекти, отежнувајќи го процесот на изнаоѓање решенија кои ги адресираат причините и последиците од климатските промени. Од друга грана, овој регион има огромен потенцијал.
Преку оваа иницијатива ќе го искористиме тој потенцијал и ќе се обидеме да најдеме решение за дадените предизвици. Ќе демонстрираме на нашиот регион и светот дека е возможно да се направи токму тоа што му е потребно на нашето општество.
Нашата мисија е да трансформираме неколку градови од Југоисточна Европа во едни од најдобрите за живеење, работа и посета до 2025.
Град Скопје, заедно со Марибор, Сарајево, Крижевци и Ниш, преку овој проект ќе се обидат да ги остварат следните приоритетни цели:
- Квалитетот на воздухот во нашите градови да влезе во рамки на препорачаните граници на Светската Здравствена Организација до 2023;
- Постигнување нула емисии на стакленички гасови до 2030 година преку развој на циркуларна економија;
- Еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа;
- Намалување на влијанијата на топлината и поплавите врз нашите заедници од година во година.
Изнаоѓање на вистинскиот начин за постигнување на нашата мисија ќе бара од нашите заедници одново да научат како да работат колективно кон постигнување на потребните заеднички резултати. Потребата нѐ води кон тоа да преминеме над традиционалните политички динамики и односи, кон сеопфатен пристап на нови модели на управување; желба за експериментирање со различни типови на соработка; и градење на различни работни односи и структури во нашите општества.
Процесот на планирање и имплементација на нашите активности ќе биде заснован на ко-креирање од страна на нашите заедници, со цел ставање фокус на локалните приоритети и долгорочното колективно партнерство.
Со цел да обезбедиме сеопфатност во работата и длабочина во имплементацијата, првично ќе се фокусираме на ниво на соседства во секој град. Ова е докажана стратегија за организирање активности кои ќе бидат вградени во заедниците, како и за поедоставување на процесот на имплементација за предизвици кои го засегаат целиот град. Секој град првично ќе се фокусира на 2-3 соседства кои се репрезентативни за предизвиците со кои се соочува целиот град, демонстрирајќи пример активности што можат да се преземат на ниво на цел град.
Во текот на целото искуство, ќе развиеме и креираме портфолио со експерименти и проекти.
Во текот на 2019 и 2020, 5те водечки градови ќе се фокусираат на обликување и градење на основите на портфолиото на активности кои ќе бидат применети во следните 10 години.
План за 2019:
- Редефинирање на моменталната ангажираност, ко-креација на стратегии за работење со нашите заедници и градење кон поамбициозни и инклузивни пристапи
- Селекција на 2-3 соседства во фокус за Скопје
- Мапирање на постоечки портфолија на активности во секој град, актери и резултати
- Развој на случај за нула емисии на јаглерод диоксид за Скопје и оформување на економска перспектива за трансформација
- Обезбедување дополнителни финансии за доградување на EIT инвестицијата во склоп на оваа иницијатива
- Истражување на ефективни решенија за јавно управување, мапирање и повикување на засегнати страни од различни сектори за поддршка и испорака на стратегиска насока кон визијата за град со нула емисии на јаглерод диоксид
- Зацврстување на нашите локални партнерства, ангажирање нови соработници и градење нови структури за имплементација.
План за 2020 и понатаму
Како што се движиме низ нашата работа во 2020 со постојано експериментирање, учење, подобрување, реплицирање и мерење, ние ќе го зголемиме нашето портфолио на интервенции, проекти и експерименти на координиран начин. Ова ќе биде клучен момент да започнеме да ги привлекуваме потребните инвестиции за проширување на дијапазонот на нашата работа.
Ги покануваме сите организации кон заедничка соработка, експериментација и ко-креација на потребните нови начини на поддржување на градовите во нашето долгорочно патешествие кон трансформација на градот.
Контактирајте нѐ:
Проектен координатор: Софија Богева, sofija.bogeva@innovationlab.mk