Канта.мк – еко мобилна апликација
Во Град Скопје во последните неколку години се имаат преземено многу активности и иницијативи за подобрување на одлагањето, собирањето и рециклирањето на отпадот од страна на различните актери во системот. Меѓутоа, и покрај сите напори сеуште гледаме расфрлан отпад, диви депонии и несовесно однесување на граѓаните.
Со цел да се покрене нивотo на чистота во градот предизвикот на кој ова решение се обиде да даде одговор е: Како да им обезбедиме на граѓаните начин на кој може да придонесат кон подигање на степенот на чистота во град Скопје?
Апликацијата можете да ја симнете од официјалната веб-страна kanta.mk
Канта.мк – е мобилна апликација која ја користи толпата луѓе (crowdsourcing) за собирање на податоци за состојбата со отпадот во Скопје. Целта е поставување основа за мерење на состојбата во иднина, и понатаму за дефинирање акции и донесување информирани одлуки за справување со отпадот. Дополнително, да им се обезбеди можност на граѓаните да се вклучат во решавањето на овој општествен проблем за поубав и почист град.
Апликацијата им нуди на корисниците да:
- ги мапираат локациите на постоечките контејнери и типот на отпад кој се собира
- мапираат потенцијални нови локации за поставување на контејнери и тип на отпад кој би се собирал
- мапираат диви депонии и типот на отпад
- ги прегледаат мапираните локации за сите претходни опции
Мобилната апликација е лесна за користење и дизајнирана согласно потребите на корисниците – брза навигација, внес на податоци и фидбек систем.
Собраните податоци преку апликацијата понатаму можат да бидат трансформирани во форма соодветна за преглед и испратена до институциите одговорни за справување со отпадот во градот со цел преземање на брзи акции и донесување информирани одлуки.
- Донесување на ефективни акции и информирани одлуки за справување со отпадот во градот во иднина од страна на одговорните институциите и организациите
- Намален број на нелегални или диви депонии и расфрлан отпад во Скопје
- Зголемен степен на вклучување на граѓаните во решавање на проблемот со отпадот
- По-координирани акции од страна на граѓанските организации чија цел е подобрување на животната средина
Апликацијата е развиена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје, организацијата која го координира СкопјеЛаб – Центарот за иновации на СкопјеЛаб. Финансирана е од страна на ЦРПМ – Центар за истражување и креирање политики.