Оценка на услугите на Град Скопје
Град Скопје секогаш се стреми да обезбеди што е можно поголемо задоволство кај граѓаните во поглед на услугите кои ги нуди. Но процесот за да се дојде до сознанија за искуството на граѓаните – корисници на услугите со цел поттикнување промени кои ќе водат до подобри и поефикасни услуги, е тежок, кој бара време и ресурси, доколку се прави на традиционален и веќе познат начин. Сознанијата од искуството на граѓните со услугите дополнително може да помогнат и во оценка на влијанието на реформите и идентификација на области кои бараат понатамошни активности, за што изнаоѓање ефективен и едноставен начин за собирање на ваквите податоци е од особено значење за градот но истовремено претставува и предизвик на кој треба соодветно да се одговори.
- Да се помогне на градот да ги идентификува слабостите во испораката на услугите како и да мапира можности за подобрување на ефективен и едноставен начин
- Да ја подобри комуникацијата со граѓаните и да обезбеди можност за нивно познајчајно вклучување
- Да ја прикаже важноста внатре во градот од искористување на можностите кои новата технологија ги нуди во адресирање на различни предизвици поврзани со подобруање на услугите и остварување на подобра и поефкасна комуникација со граѓаните
- Средби и консултации со сите сектори во градот за јасно дефинирање на градските услуги и потребите на секторите од податоци за идентификување на можности за подобрување
- Изработка на техничко решение – прашалници за оценка на услуги по сектори/одделенија достапно онлајн на веб страницата на Град Скопје и Скопје Лаб и на технички уреди во просториите на Скопје Лаб и Архива на Град Скопје
- Промотивни активности за промоција на прашалниците и ангажирање на граѓаните
- Редовна изработка на редовни дво – месечни извештаи за собраните податоци со дефинирани предлози и препораки за идни активности насочни кон подобрување на услугите и генерално работата на градот и нивна комуникација со релевантите сектори
- Редовно иницирање на мали проекти за редизајнирање на услугите
За реализација на проектот СкопјеЛаб се води по Методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова ќе се овозможи да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата со цел дизајнирање на решение кои ефективно ќе одговори на предизвикот.
- Подобрување на ефикасноста и корисничкото искуство на граѓаните од најмалку 2 услуги до првиот квартал на 2020 година
- Мапирање на јавни службеници кои служат како пример за тоа како треба да работи јавната администрација
- Проактивно користење на технологијата за оптимизација на процеси и подобрување на услугите кои ги нуди градот
- Воспоставуавње на пракса на донесување на одлуки и подготовка на јавни политики врз база на податоци
- Јасно дефинирани потреби на граѓаните – корисници на услугите на градот и адаптирање на каналите на комуникација на нивните потреби