СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости

Оценка на услугите на Град Скопје

Предизвик

Град Скопје секогаш се стреми да обезбеди што е можно поголемо задоволство кај граѓаните во поглед на услугите кои ги нуди. Но процесот за да се дојде до сознанија за искуството на граѓаните – корисници на услугите со цел поттикнување промени кои ќе водат до подобри и поефикасни услуги, е тежок, кој бара време и ресурси, доколку се прави на традиционален и веќе познат начин. Сознанијата од искуството на граѓните со услугите дополнително може да помогнат и во оценка на влијанието на реформите и идентификација на области кои бараат понатамошни активности, за што изнаоѓање ефективен и едноставен начин за собирање на ваквите податоци е од особено значење за градот но истовремено претставува и предизвик на кој треба соодветно да се одговори.

Цели на проектот
  • Да се помогне на градот да ги идентификува слабостите во испораката на услугите како и да мапира можности за подобрување на ефективен и едноставен начин  
  • Да ја подобри комуникацијата со граѓаните и да обезбеди можност за нивно познајчајно вклучување 
  • Да ја прикаже важноста внатре во градот од искористување на можностите кои новата технологија ги нуди во адресирање на различни предизвици поврзани со подобруање на услугите и остварување на подобра и поефкасна комуникација со граѓаните
Активности
  • Средби и консултации со сите сектори во градот за јасно дефинирање на градските услуги и потребите на секторите од податоци за идентификување на можности за подобрување 
  • Изработка на техничко решение – прашалници за оценка на услуги по сектори/одделенија достапно онлајн на веб страницата на Град Скопје и Скопје Лаб и на технички уреди во просториите на Скопје Лаб и Архива на Град Скопје
  • Промотивни активности за промоција на прашалниците и ангажирање на граѓаните
  • Редовна изработка на редовни дво – месечни извештаи за собраните податоци со дефинирани предлози и препораки за идни активности насочни кон подобрување на услугите и генерално работата на градот и нивна комуникација со релевантите сектори
  • Редовно иницирање на мали проекти за редизајнирање на услугите 
Пристап

За реализација на проектот СкопјеЛаб се води по Методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова ќе се овозможи да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата со цел дизајнирање на решение кои ефективно ќе одговори на предизвикот.

Решение

https://staging6.skopjelab.mk/prasalnici/

Очекувани резултати
  • Подобрување на ефикасноста и корисничкото искуство на граѓаните од најмалку 2 услуги до првиот квартал на 2020 година
  • Мапирање на јавни службеници кои служат како пример за тоа како треба да работи јавната администрација
  • Проактивно користење на технологијата за оптимизација на процеси и подобрување на услугите кои ги нуди градот
  • Воспоставуавње на пракса на донесување на одлуки и подготовка на јавни политики врз база на податоци
  • Јасно дефинирани потреби на граѓаните – корисници на услугите на градот и адаптирање на каналите на комуникација на нивните потреби

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X