Поддршка во воспоставувањето на Развоен Институт Скопје
Со завршување на проектот Скопје Лаб и неговата еволуција во “Развоен Институт Скопје” чии основачи се Град Скопје и Универзитетот Св Кирил и Методиј, се појави потреба од пренос на знаење и поддршка за да се овозможи ефективна транзиција за луѓето и организациите вклучени во проектот.
Цели и активности
Во тој поглед, тимот на Скопје Лаб го подржаа формирањето на фондацијата со:
- Организирање на 5 работилници со клучните актери – Град Скопје, претставници од УКИМ, УНДП и тимот на СмартАп (3 физички и 2 онлајн). Главната цел на работилниците беше да се постигне договор за мисијата, визијата и целите кои фондацијата ќе ги промовира, да се дефинира управна структура и да се дефинираат неколку клучни приоритети за почетокот.
- Нацрт на главната документација потребна за основање на фондацијата за да се олесни комуникацијата помеѓу тимот на градот, советот на градот и универзитетот.
- Подготовка на целата пропратна документација за да се забрза процесот.
Резултати
Процесот за основање на фондацијата моментално се наоѓа во последната фаза и се чека на официјално одобрение од Централниот Регистар на Република Северна Македонија.