Работилницa за дефинирање на модел за доработка и одржливост на зелен катастар
Во изминатите неколку години, Град Скопје во соработка со УНДП работеше на развој на Скопски Зелен Катастар. Но, заради обемот на работа за мапирање на целокупното зеленило во Скопје и достапните финансии катастарот не беше целосно изработен.
Цели
Основната цел на овој проект беше дефинирање на модел за доработка на зелениот катастар и дефинирање на план за неговата одржливост.
Активности
Со таа цел, Скопје Лаб во соработка со Град Скопје и УНДП во периодот Мај-Јуни 2021, спроведе неколку активности, и тоа:
- Анализа на постоечката ситуација и недостатоците во тековната услуга
- Мапирање на потенцијални актери и учесници во соработка со УНДП и Град Скопје
- Подготовка на концепт за работилница за дефинирање на модел за доработка и одржливост на катастарот
Пристап
Врз основа на сработеното, на 17ти јуни 2021, тимот на СкопјеЛаб одржа работилница на која учествуваа претставници од Град Скопје и десетте скопски општини.
Со фокус на соработка помеѓу општините, Град Скопје и ЈП Паркови и Зеленило беа спроведени неколку активности чија цел беше да се искористи експертизата и искуството на учесниците за градење предлог модели за одржливост на зелениот катастар.
Од работилницата произлегоа три модели кои беа од големо значење во формирање на конечните предлози.
Резултати
Соодветно резултатите од работилницата, беше изработен извештај со препораки и предлог модел. Беа спроведени и неколку дополнителни консултации за собирање на коментари и забелешки од учесниците по што предлогот беше финализиран и доставен до кабинетот на градоначалникот и десетте општини.
Предлогот беше усвоен од страна на сите општини и се очекува истиот да се потврди на следна седница на Градот Скопје по што би се отпочнало со реализација.
Извештајот за исходите од работилницита може да се погледне тука.