Редизајнирање на услуга за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена
Еден од најгорливите предизвици со кои се соочува град Скопје е ефективното управување со отпадот во градот, особено со цврстиот отпад. И покрај многуте акции, мерки за чистење како и бројните барања до граѓаните за совесно постапување, градот сеуште не може да се справи со неправилно одлагање на отпадот за да го подигне нивото на чистота во градот.
Препознавајќи ја потребата од значително подобрување на пристапот и начинот на управување со цврст отпад градот реши да преземе чекори кон подобрување на оваа состојба. Земајќи ја предвид комплексноста на процесот, првичниот фокус на овој предизвик е подобрување на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови на мебел, како и на нив слични кабасти предмети кои се користат во домаќинствата кои сопственикот-поседувачот ги отфрла или има намера да ги отфрли.
Со цел да се дојде до идеи за нови и поефективни решенија, град Скопје задачата ја делегира на СкопјеЛаб чија главна цел е да ја покаже корисноста од преземање на иновативни пристапи во решавање на проблемите кои во својот фокус го имаат корисникот, а воедно и промовираат партиципативност во процесот на креирање решенија.
Општа цел
- Зголемување на нивото на чистотата во градот преку соодветно управување со кабастиот отпад.
Специфични цели
- Подобро задоволување на потребите на граѓаните во поглед на користење на услугата за собирање на кабаст отпад;
- Потенцијално креирање/поттикнување на систем на циркуларна економија и занаетчиство;
- Идентификација на можности за воспоставување на партнерства помеѓу ЈП Комунална Хигиена и останати приватни, јавни или организации од граѓанскиот сектор;
- Зајакнување на капацитетите на сите вклучените страни за развој на иновации, и
- Идентификација на можности за подобрување на останатите услуги на јавното претпријатие Комунална Хигиена.
Со решението треба да се обезбеди:
- полесна евиденција, брз и лесен преглед на сите пријави кои стигаат по телефон или преку социјалните медиуми до Инспекторат
- eфикасна распределба на случаи по одделенија
- полесно следење на работењето од страна на раководителите
- Подобрување на комуникацијата помеѓу вработените за подобро извршување на задачите
За реализација на проектот СкопјеЛаб се води по Методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова ќе се овозможи иницијално да се мапираат сите тесни грла на постоечкиот процес на испорака на услугата и да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата.
Пристапот подразбира ко-креирање со крајните корисници како и сите засегнати страни што ќе треба да обезбеди полесно да се дојде до поефективни решенија.
- Секундарното истражување – анализа на постоечки регулативи и процеси поврзани со услугата (јануари);
- Работилница за мапирање на тековниот процес на испорака на услугата, типови на корисници и засегнати стани (јануари);
- Спроведување на примарно истражување (интервјуа и онлајн истражување) со граѓани кои ја користеле или би ја користеле услугата во иднина со цел идентификување на нивните навики, потреби, проблеми (март – мај);
- Организација на 3 работилници за ко-креирање на нови решенија (јуни-јули);
- Подготовка за имплементација на редизајнирата услуга (август-септември)
- 3 месечен пилот период за тестирање на решението (ре-дизајнирана услуга/модел/процес) (септември – ноември), и
- Мерење на резултати и дефинирање на препораки за подобрување (декември).
- Дизајнирани 2-3 предлог решенија за подобрување на услугата за собирање/ управување со кабастиот отпад;
- Пилотирање на едно од предложените решенија во период од 3-4 месеци со цел оценка на влијанието и ефективноста, и
- Креирање на процедури за ЈП КХ што ќе обезбеди имплементација на редизајнираната услуга за остварување на целите на проектот.
Времетраење на проектот
Јануари – Ноември (9-11 месеци) вклучувајќи го и периодот на тестирање на иновацијата.
Партнери
- Град Скопје
- ЈП Комунална Хигиена
- УНДП
Сите заинтересирани кои имаат желба да помогнат во реализација на проектот може да пријават интерес за учество на skopjelab@skopje.gov.mk со назнака “учество во проект за редизајн на услуга – Кабаст отпад”.