СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости

Велоштад

Во текот на 2020 година тимот на Скопје Лаб работеше на дизајнирање на концепт за реализација на Вело Паркинг, реализација и имплементација.

Цели

Целта на проектот беше:

  •  Да се прикаже важноста на граѓаните во процесот на дизајнирање на јавните површини и вредноста која ја носи понатаму, особено во делот на одржување и промовирање на истите.
  • Да се ревитализира и разубави запуштениот простор во склоп на Транспортниот центар Скопје.
  • Да помогне во ублажување на ефектите од урбаните топлотни острови .
  • Да промовира алтернативен и интермодален транспорт
Активности

Проектот беше реализиран во неколку фази:

Фаза 1: Дизајнирање на процес за реализација на Вело Паркинг

  • Спроведување на меѓу-секторска работилница за изработка на повик за дизајн на решение за Вело Паркинг (видете повеќе).
  • Објава на повик за учество на предизвикот наменет за мултидисциплинарни тимови (видете повеќе)

Фаза 2: Спроведување на процес за редизајн на јавниот простор во склоп на Транспортен Центар и дизајнирање на Вело Паркинг преку објава на предизвик

  • Деталните активности за оваа фаза погледнете ги овде 

Фаза 3: Промоција на решението и воспоставување на партнерства за имплементација

Фаза 4: Имплементација на решението и промоција (видете повеќе)

Пристап

Целиот проект беше воден според методологијата на Дизајнерско размислување која го става корисникот во центарот на решението и обезбедува изнаоѓање на решенија кои соодветно ги адресираат проблемите/предизвиците на истите.

Резултати
  • Отворен првиот Велоштад во Скопје во склоп на Транспортен центар
  • Активирани околу 50 граѓани во процесот на дизајнирање на вело паркингот
  • 10тина претставници од јавниот сектор запознаени со пристапот на ко-дизајнирање со цел ефективно адресирање на проблемите/предизвиците и обезбедување на транспарентност на процесите
  • Зајакната соработката меѓу градот, јавните претпријатија, приватниот сектор, невладините и интернационалните организации кои работат во МК, прикажана преку заедничкото ко-финансирање на проектот
  • Ревитализиран еден јавен простор

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.

GIZ-logo
EIT-CKIC-Logo_Transparent_Standard
SkopjeLab1
Coat_of_arms_of_Skopje.svg (1) (1)

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X