Пилот проектот за справување со проблемот со отпадот во Скопје е на иницијатива на Скопје Лаб како резултат на долгорочно истражување на проблемите со кои се соочува град Скопје. Проектот е помогнат од страна на Програмата на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје. Целта е дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за справување со следниов предизвик - Како може да ја подобриме примарната селекција и одлагањето на отпадот од домаќинствата во Скопје?

Во реализација на овој проект СкопјеЛаб користи иновативен пристап кој се фокусира на човекот, неговите потреби и проблеми (Human Centered Design или Desing Thinking) кој е и во основата на работењето на СкопјеЛаб.

Согласно овој пристап реализицијата на овој проект се одвива низ следниве 5 фази:

Правата фаза од овој пилот проект се однесува на идентификување на предизвиците со кои се соочуваме во поглед на управувањето со отпадот. Со идентификација на предизвиците и разгледување на можностите и надлежностите на градот ќе се определи еден специфичен предизвик на кој ќе се работи и за кој ќе се бараат решенија кои може да помогнат во негово решавање.  Така ќе се обезбеди полесно и самостојно да се управува со овој специфичен предизвик преку преземање на соодветни акции од страна на различни засегнати страни.

Реализирани активности во оваа фаза:

1. Стратешка работилница за идентификување на предизвиците кои се однесуваат на управувањето со отпадот и дефинирање на еден специфичен предизвик на кој ќе се работи

Работилницата се одржа на 18ти Мај (четврток), од 11:30 до 14:00 часот во Град Скопје и на истата учество зедоа 15 претставници од различни организации и институции вклучувајќи претставници од Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад.

За време на работилницата се идентификуваа различните предизвици поврзани со управувањето со отпадот, се изработи мапа на засегнати страни, профили на целните групи и се дефинира еден специфичен предизвик на кој ќе се работи. 

Предизвик: Како може да ја подобриме примарната селекција и одлагање на отпад од домаќинствата во Скопје?

СкопјеЛаб ќе го адресира само првиот дел од синџирот или управувањето со отпадот, односно одлагањето на отпадот од домаќинствата (патот на ѓубрето од дома до контејнерот). Во тој поглед ќе гледаме на три специфични елементи или проблеми:

  1. Што се случува со отпадот во домот? (Генерирање, селекција и складирање)
  2. Кој е процесот на одлагање на отпадот? (од домот до контејнерот)
  3. Што се случува со отпадот се до моментот на собирање од Комунална Хигиена?

2. Организирани три средби со неколку засегнати страни (НВО, јавни претпријатија и приватни фирми, итн.) за утврдување на можности за реализација на теренско истражување и дефинирање на целни групи.

Иако досега се донесени повеќе решенија за справување со овој предизвик сепак истите не ги даваат посакуваните резултати. Ова до одреден степен е резултат на недоволното разбирање на причините за проблемот поради што и се јавува потребата за теренско истражување. Навиките, потребите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните иако изгледаат исти сепак се разликуваат во многу елементи, првично во поглед на домовите во кои тие живеат (куќа, стан), свесноста за потребата и значењето на правилно управување со отпадот како и желбата за одржување на чиста животна средина.

Дополнително, различните групи на граѓани бараат различни решенија или различен пристап во решавање на проблемот. Поради тоа СкопјеЛаб за справување со овој предизвик дефинира две главни целни групи за кои ќе бидат дизајнирани решенија и кои понатаму ќе бидат разработени на уште пониско ниво.

Целни групи:

  • неформални собирачи на отпад
  • домаќинства - индивидуално и колективно домување

Втората фаза отфаќа спроведување на теренски истражувања во соработка со неколку локални организации. Целта е подлабоко да се истражи проблемот, да се идентификуваат различни однесувања и потреби на граѓаните и неформалните собирачи на отпад - ромите, како и можни решенија и добри пракси.

Реализирани активности:

1. Две средби со локални организации кои имаат искуство во спроведување на теренски истражувања.
За време на средбите се работеше на развој на прашалници за истражувањата и се дефинираше план за спроведување на активностите. Дополнително се дефинираа локации каде што ќе се спроведе теренското истражување.

2. Теренско истражување со неформалните собирачи на отпад од ромската заедница со цел утврдување на нивните навики, пракси, размислувања, ставови и предлози во врска со собирањето на отпадот.

3. Теренско истражување на домаќинства во град Скопје со цел утврдување на нивните навики, пракси, размислувања, ставови и предлози во врска со собирањето, селектирањето и дислоцирањето на отпадот од нивното домаќинство.

Третата фаза на проектот опфаќа реализација на 5 работилници на кои ќе се работи на сумирање и анализа на податоците добиени од теренското истражување спроведено во претходната фаза и на генерирање на голем број на идеи за идни решенија од кои неколку ќе бидат тестирани во подоцнежните фази. Во оваа фаза учество ќе земат голем број на организации од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор како и неколку претставници од неформалните собирачи на отпад и граѓани.

Реализирани активности:

  1. Прва работилница за сумирање и категоризација на податоците од теренското истражување (навики, потреби, причини) 

Целта на оваа прва работилница беше да се презентираат податоците од теренското истражување кое беше спроведено со собирачите на отпад и домаќинствата од Скопје во претходната фаза и да се работи на сумирање и категоризација на податоците со цел да се дојде до интересни сознанија кои ќе го посочат правецот во кој треба да се размислува при дизајнирање на идните решенија во текот на следните 4 работилници. Види повеќе

      2. Втора работилница за идентификација на причините за настанување на проблемите и генерирање на иницијални идеи

Целта на втората работилница беше подлабоко навлегување во проблемите и разбирање на навиките на домаќинствата. Преку оваа тимовите кои работеа успеаа полесно да ги идентификуваат причините поради кои настануваат проблемите во процесот на управување со отпадот и согласно тоа да дефинираат неколку иницијални идеи за справување со предизвиците. Види повеќе.