Политика на приватност
Во овој документ за применетата политика на приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб (skopjelab.mk) како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Основни одредби
Сите приватни податоци под контрола на веб-сајтот СкопјеЛаб се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
Личните податоци под контрола на веб-сајтот СкопјеЛаб се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
Политика на веб-сајтот СкопјеЛаб е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определенo со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот СкопјеЛаб се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
Во случај на криминална истрага, веб-сајтот СкопјеЛаб се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
Користење колачиња(кукија)
Веб-сајтот СкопјеЛаб користи кукија или колачиња (cookies) во следните случаи:
За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети.
При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој е јавен.
За соодветно претставување на јазичната верзија на веб-сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета.
Серверски логови
За веб-сајтот на СкопјеЛаб, соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од веб-сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.
Екстерни бројачи на посети
Страницата користи аналитика на „Гугл“ за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до „Гугл“. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата на СкопјеЛаб.
Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. „Гугл“ нема да ја придружи вашата ИП адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во „Гугл“. Ниту СкопјеЛаб ниту „Гугл“ нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП адресата со идентитетот на корисникот.
Линкови кон надворешни страници
Skopjelab.mk содржи линкови кон надворешни страници надвор од сопствениот портал. Skopjelab.mk ги објавува линковите во добра намера и не може да се смета за одговорна за содржините надвор од порталот.
Регистрирани корисници
Со регистрирањето на поединечните делови на порталот Skopjelab.mk корисниците се обврзани во процесот на регистрација да внесат точни податоци и да оберат корисничко име и лозинка. Регистрацијата е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Регистрацијата на корисниците им овозможува да учествуваат во тековните предизвици, поднесуваат идеи и да гласат за предложените идеи од страна на останатите корисници.
Skopjelab.mk не може на било кој начин да сноси одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците.
Е-пошта и мејлинг-листи
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн..
Запишувањето на мејлинг-листите на СкопјеЛаб е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот. Алтернативно, лицата заинтересирани за активностите и вестите од СкопјеЛаб може да се запишат преку потпишување формулари на хартија на настани организирани од Центарот за иновации на Град Скопје..
Членовите на мејлинг-листите имаат можност во секое време да се откажат од членството преку соодветен автоматски механизам, преку кликнување на линк кој е наведен во секоја порака за е-пошта од листите, или преку контактирање на персоналот на СкопјеЛаб во било која форма.
Контакт
За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб обратете се директно до канцеларијата преку било која од стандардните можности за контакт.
Центар за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб
Бул. Илинден бр.82 Скопје
1000 Скопје, Македонија
е-пошта: skopjelab[at]skopje.gov.mk
тел: 389-2-3207-536