Центар за техничка поддршка за е-апликации до Град Скопје
Дигитализација на јавни услуги е континуиран процес кој е дел од иницијативата за модернизација на јавната администрација.
Во време на светска пандемија, потребата од дигитализација на јавните услуги се покажа како неминовна а до израз дојде и потребата од поддршка на граѓаните во користење на дигитални услуги кои ги нуди јавниот сектор. Со проектот ДИЏИТ АЛЛ, Град Скопје преку Скопје Лаб воспостави Центар за техничка подрршка на граѓаните при поднесување електронски апликации.
1. Поддршка во процес на аплицирање за финансирање на Јавен повик за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации:
- Јавен повик за субвенционирање на занаетчии во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријал за занаети во изумирање
- Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2021 година наменети за финансирање на активности од областа на образованието.
- Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2021 година наменети за финансирање на активности на здруженија и фондации
- Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје – Програма за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2021 година
2. Поддршка во процес на аплицирање на субвенции за:
- Субвенции за инвертер клима уреди за 2021
- Субвенции за велосипеди 2021
- Субвенции за електрични тротинети 2021
- Субвенции за оџаци 2021
Центарот располага со двајца вработени кои активно работат на:
- Креирање на електронски апликациски форми за различните повици во соработка со секторите и одделенијата на Град Скопје
- Техничка поддршка на граѓаните при аплицирање на повиците
- Оценка на задоволство на граѓаните од користење на е-апликации
- Идентификување на потреби и предизвици во поглед на обезбедување и испорака на дигитални јавни услуги
Пристап: aplikacii.skopjelab.mk
Центарот за техничка поддршка e основан од Скопје Лаб со кој што раководи СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје преку проектот „Инклузивна и успешна дигитална трансформација за сите – ДИЏИТАЛ АЛЛ“. Средствата за проектот се обебзедени преку проект на Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и партнерите.