Град Скопје секогаш се стреми да обезбеди што е можно поголемо задоволство кај граѓаните во поглед на услугите кои ги нуди. Но процесот за да се дојде до сознанија за искуството на граѓаните – корисници на услугите со цел поттикнување промени кои ќе водат до подобри и поефикасни услуги, е тежок, кој бара време и ресурси, доколку се прави на традиционален и веќе познат начин. Сознанијата од искуството на граѓните со услугите дополнително може да помогнат и во оценка на влијанието на реформите и идентификација на области кои бараат понатамошни активности, за што изнаоѓање ефективен и едноставен начин за собирање на ваквите податоци е од особено значење за градот но истовремено претставува и предизвик на кој треба соодветно да се одговори.
За реализација на проектот СкопјеЛаб се води по Методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова ќе се овозможи да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата со цел дизајнирање на решение кои ефективно ќе одговори на предизвикот.