СкопјеЛаб СкопјеЛаб
  • skopjelab@skopje.gov.mk Контактирајте не
#АКТИВНОСКОПЈЕ
  • Дома
  • За нас
  • Пристап
  • Проекти
  • #РЕДИЗАЈНСКОПЈЕ
  • Новости

Поддршка на процес за оценка на реализацијата на Стратегијата Отпорно Скопје

Во втората половина на 2018 година, Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб, преку обезбедување на техничка поддршка активно го поддржа процесот на оценка на реализацијата на Стратегијата Отпорно Скопје.

Техничката поддршка се состоеше во осмислување и изработка на интерактивен прашалник за оценување на степенот на спроведување на Акцискиот план во склоп на стратегијата Отпорно Скопје за периодот 2017/18 година кој беше поставен на веб-страницата на Град Скопје – сектор за заштита на животната средина https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/. 

„Стратегија за климатски промени – Отпорно Скопје“ или накратко „Стратегија за отпорно Скопје – СОС“ беше изготвена во рамки на регионалниот проект „ИКТ за урбана отпорност“ кој се спроведува од УНДП и Градот Скопје а донесена е во февруари 2017 година. Целта на стратегијата е да го трасира патот со мерки и акции во следните десетина години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени.

Целта на ова истражување беше да се оцени општиот напредок во реализацијата на Стратегијата, но и напредокот по тематски области опфатени во Акцискиот план. Во тој поглед се направи оценка на тоа што е направено, колку средства се алоцирани, колку потрошени, како и придонесот на направеното за реализацијата на целите за одржлив развој, евроинтеграцијата и други домашни и меѓународни договори и обврски. 

Изгледот на интерактивниот прашалник можете да го погледнете на следниот линк. Во моментов прашалникот не прима одговори. 

Анализата на одговорите и целосниот извештај можете да ја најдете овде.

Добивај известувања

© 2021 Центар за иновации на Град Скопје. Сите права задржани.
 

Loading Comments...
 

    X