Трансформација и адаптација на централните градски зони во современите градови претставува вистински предизвик и е еден од главните дискурси во социолошката и архитектонско-урбанистичката теоретска и научна јавност на овој и минатиот век.
Многу градови претрпуваат значителни морфолошки промени во обидот да држат чекор со технолошките и економските текови на своите општества вклучувајќи го и Скопје.
Дел од овие промени резултираат со значајно намалување на зелените јавни површини достапни за граѓаните за одмор и релаксација како локални паркови, зелени плоштади и игралишта. Дел се манифестираат и завршуваат единствено со проширување на постоечки улици во улици/ булевари од повисок ранг, со цел обезбедување поголема сообраќајна проточност, многу често не водејќи сметка за интегрирање на интервенцијата во непосредната околина.
Како резултат на тоа, се појавува неусогласеност на новата со постојната градска структура, отуѓување на одредени градски простори од колективната и личната меморија на жителите и корисниците, менување на градската атмосфера и начинот на живот во тој дел од градот, а со тоа и создавање можност за нивно напуштање или различна (зло) употреба.
Поради ова, тимот на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб во изминатиот период работеше на иницијативата “Редизајнирање на јавни површини во Скопје” преку која се обиде да одговори на предизвикот:
Како со помош на иновативни и инклузивни методи и алатки во областа на микро-урбаниот дизајн, да дизајнираме просторно-формални, концептуални и стратегиски одговори на постојни, локални проблеми и предизвици?
Развивање на концпети кои ќе можат да систематизираат и интегрираат во постоечкиот градски модел, ќе создадат нови градски искуства и атмосфери, ќе го разубават градот и ќе помогнат во ублажување на ефектите од урбаните тополотни острови. Дополнително ќе поттикнат поактивна соработка помеѓу градот и граѓаните, и ќе го прикажат бенефитот од ко-креирање во процесот на изнаоѓање на решенија за градските предизвици.
Работилниците се состоеја од два дела:
Преку квалитативни и квантитативни методи на истражување (опсервација, анкети, интервјуа и фото и видео документација), учесниците ги мапираа дневните и ноќните активности и програма, формите на однесување на луѓето, животните и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо- културен контекст и атмосфера, проследено со идентификување и атак на релевантен современ градски феномен.
Во процесот на развој на стратегии, концепти и решенија, учесниците беа охрабрувани да допринесат за и/или експериментираат со нови градски атмосфери, да создаваат различни кориснички искуства и да се служат со современи методи/алатки/медиуми/техники.
Втората фаза од оваа иницијатива усвои односно промовира еден нов иновативен и инклузивен пристап во креирање на концепти кој се води по принцип – ко-дизајнирање со граѓаните за граѓаните.
Оваа фаза опфати креирање на концепти за уредување на 9 јавни површини кои беа мапирани во соработка со Град Скопје и локалната професионална заедница.
Јавните површени кои беа вклучени во оваа иницијатива се:
Развојот на концепти се базираше на организација на работилници со студенти и млади професионалци од интердисциплинарни области како и со останати граѓани кои имаат вештини, идеи и знаење да придонесат во процесот.
Работилниците беа организирани во период од 3 месеци (декември 2019 – февруари 2020), и секоја во времетраење од 4 дена со дополнтелни 5 дена можност за теренска работа.
За реализација на работилниците беше развиена програма за работа во соработка со млади истакнати професионалци од областа на архитектура, градежништво, пејсажно уредување и енергетска ефикасност кои беа избрани врз основа на јавниот повик за ментори.
Учесниците на работилниците беа избрани согласно вештините и знаења кои ги поседуваат врз основа на јавен повик за учесници.
Види Дизајн 1
Види Дизајн 2
Следни чекори
Повик за акција!
Ги покануваме сите организации кои сакаат да допринесат кон урбана трансформација да ни помогнат резултатите односно концептите да станат реалност.
Особено знајчајна ни е вашата поддршка во вршење притисок на јавните власти за имплементација на концептите; поддршка со финансиска помош или донирање на урбана опрема, садници, одржување, и сл.
Контактирајте нѐ:
Координатор на СкопјеЛаб: Софија Богева, sofija.bogeva@innovationlab.mk