Еден од најгорливите предизвици со кои се соочува град Скопје е ефективното управување со отпадот во градот, особено со цврстиот отпад. И покрај многуте акции, мерки за чистење како и бројните барања до граѓаните за совесно постапување, градот сеуште не може да се справи со неправилно одлагање на отпадот за да го подигне нивото на чистота во градот.
Препознавајќи ја потребата од значително подобрување на пристапот и начинот на управување со цврст отпад градот реши да преземе чекори кон подобрување на оваа состојба. Земајќи ја предвид комплексноста на процесот, првичниот фокус на овој предизвик е подобрување на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена.
Со цел да се дојде до идеи за нови и поефективни решенија, град Скопје задачата ја делегира на СкопјеЛаб чија главна цел е да ја покаже корисноста од преземање на иновативни пристапи во решавање на проблемите кои во својот фокус го имаат корисникот, а воедно и промовираат партиципативност во процесот на креирање решенија.
Општа цел
Специфични цели
Со решението треба да се обезбеди:
За реализација на проектот СкопјеЛаб се води по Методологија на Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) кој го има корисникот во основата на својот процес. Со ова ќе се овозможи иницијално да се мапираат сите тесни грла на постоечкиот процес на испорака на услугата и да се идентификуваат потребите и очекувањата на граѓаните и давателот на услугата.
Пристапот подразбира ко-креирање со крајните корисници како и сите засегнати страни што ќе треба да обезбеди полесно да се дојде до поефективни решенија.
Времетраење на проектот
Јануари – Ноември (9-11 месеци) вклучувајќи го и периодот на тестирање на иновацијата.
Партнери
Сите заинтересирани кои имаат желба да помогнат во реализација на проектот може да пријават интерес за учество на skopjelab@skopje.gov.mk со назнака “учество во проект за редизајн на услуга – Кабаст отпад”.