Рамката за иновации на Град Скопје обезбедува водилки за развој на иновации во јавниот сектор. Целта е да им се помогне на вработените во Град Скопје да креираат подобри услуги и проекти за градот и граѓаните. Рамката покажува како ќе се развиваат иновациите и кои се методите и техникит на работа за секоја од фазите во процесот.

Рамката не е нормативна и не нуди идеал кон кој треба да се стремиме. Не е емпириска ниту финална. Се очекува истата континуирано да се развива како што се генерира ново знаење и искуство.

Ве покануваме сите кои имате интерес да му помогнете на Град Скопје да дава подобри услуги и подобро да работи за јавен интерес, да го дадете најдоброто од себе и од своето знаење за да се подобри оваа рамка.