Skip links

8ми март – A

Изработиле: Перица КИПРИЈАНОВИЌ и Живкица ДИМИТРИЈЕСКА


Date:
април 14, 2020

Опис на постојна состојба: Затекнато e високо зеленило односно две дрва кои со своите крошни го покриваат речиси целиот завршеток на улицата. Забележително е дека дрвата се борат со постоечкиот партер односно отворот кој е оставен за нив одамна го имаат надраснато. Со оглед дека ова една од ретките локации каде на јавна површина се појавува зеленило кое е израснато сметаме дека решението треба да биде насочено кон решавање кон овој проблем односно конзервација на затекнатата состојба каде ќе се потпомогнат дрвата со ослободување на нивните корења со што ќе се допушти приод на атмосферска вода и ќе се овозможи тие да дишат.

Дополнително забележливи се препреки кои го оневозможуваат движењето, има мала инсолација на објектите и улицата, без определени јавни површини кои граѓаните кои минуваат и/или оние кои живеат на улицата би ги користеле. Притоа нема и соодведно решение за денивелацијата кон булевар Илинден што го прави овој простор непристапен за лица со попреченост.

Сумирани резултати од теренското истражување: Минувачите сметаат дека местото е небезбедно за постарите лица и укажуваат на многу кражби и упади во станови во последно време. Комуникацијата помеѓу соседите е многу ретка речиси непостоечка што би укаало дека недостасува соодветен простор за таа намена односно единствената јавна површина – тротоарите се зафатени од автомобилите кои се паркирани по должината на целата улица и тротоарите.

Атмосфера на постојната состојба: Улицата е темна, заради височината на објектите и покрај својата јужна ориентација таа е без доволно сончева светлина, недостасуват елементи, простор односно клупа за социјализација на жителите. Жителите не комуницираат меѓусебно и не се задржуваат надвор на улицата, туку просторот го користат за да го паркираат автомобилот и веднаш влегуваат во домот. Со оглед на недостатокот на урбана опрема нема задржување на улицата.

Слика од улицата

Концепт

Заради зачувување на постоечките дрва предложено е спојување на двата отвора и изработка на една голема жардињера која ќе ги вклучи и липите, со цел да се ослободат корените и да се овозможи нивно “дишење“. Во продолжение на тоа предвидена е платформа од префабрикувани елементи на која ќе има две клупи со органска форма која дозволува различен тип на седење односно индивидуално или во група. На крајот на оваа жардињера се предвидува и фонтана налик градска чешма која треба да овозможи користење и инклузивност за сите, вклучувајќи и лица со попреченост и миленичиња.

Атмосфера на новопроектираната состојба: Поголема раздвиженост и повеќе функционален заеднички простор што придонесува до подобра маалска заедница.

Очекувани примарни резултати: Поголема
социјализација помеѓу жителите и граѓаните, повеќе
минувачи, поголема фрекфенција на велосипедисти,
пожива улична атмосфера.

Секундарни резултати: Грижата од страна на станарите
на таа улица за зеленилото, што придонесува до нивно
меѓусебно здружување со заедничка цел – грижа за
просторот. На овој начин би се зајакнале соседските врски.
Тоа придонесува и до намалена стапка на провали поради
зголемената фрекфенција на луѓе.

Колаж