Skip links

вело паркинг

Вело паркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, ќе промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и ќе придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. Дополнително ќе го прикаже бенефитот од ко-креирање во процесот на изнаоѓање на решенија за градските предизвици.

  • Развивање на концепти кои ќе го разубават градот, ќе поттикнат користење на алтернативни средства на транспорт и ќе помогнат во ублажување на ефектите од урбаните тополотни острови се клучни за развојот на секој зелен град.
  • Oваа иницијатива усвои односно промовира еден нов иновативен и инклузивен пристап во креирање на концепти кој се води по принцип – ко-дизајнирање со граѓаните за граѓаните.
  • По објава на повик за учество, во рок од 2 месеци беа креирани 11 прототип решенија за велосипедски паркинг дизајнирани од млади професионалци со докажани знаења во областа.

За реализација на повикот беше организирана работилница во соработка со стручната јавност – професионалци од релевантните сфери на работење, претставници од Град Скопје, Општина Центар, Градски Паркинг, Паркинзи на општина Центар, здруженија на граѓани и неформални групи, како и претставници од фирми кои работат на темата. На работилницата се дефинираше повик за креативен и иновативен дизајн за велосипедски паркинг. Ова е прва работилница од ваков тип чија цел е да го прикаже значењето на соработката помеѓу клучните актери во процесот на креирање и донесување одлуки, но и да помогне во градење на нивните капацитети за понатамошно имплементирање на вакви активности кои обезбедуваат транспрентност во процесот и најдобро одговараат на потребите на целнните групи кои се засегнати од активностите.

Резултат од работилницата беше отворен повик за пријавување интерес за учество во процесот на дизајнирање прототип велосипедски паркинг. Повикот беше отворен за сите (индивидуи, тимови и правни лица), а особено се поттикнуваа пријави од мултидисциплинарни тимови кои посебно ќе се вреднуваат.

Од апликантите се очекуваше да достават финален продукт кој што вклучува:

  1. Дизајн на модул за велосипедски паркинг + опис на технички карактеристики/спецификации
  2. Дизајн на локацијата (вело пјацета)  на која ќе се постави модул за велосипедскиот паркинг
  3. Предлог буџет за изведба

По спроведениот повик за учество во оваа иницијатива, од вкупно 22 пријавени беа одбрани 11 тимови-учесници меѓу кои архитекти, дизајнери, режисери и креативци. Учесниците на работилниците беа избрани согласно вештините и знаењата кои ги поседуваат врз основа на јавен повик за учесници. Од 11-те тимови беа одбрани 3 кои добија награда за нивниот дизајн и предлог решение. Имено: тим 7 во прво место, тим 5 во второ и тим 10 во трето.

Решение 1

Решение 2

Решение 3

Решение 4

Решение 5

Решение 6

Решение 7

Решение 8

Решение 9

Решение 10

Решение 11

На 14 април се одржа воведна работилница за запознавање, која поради околностите, се одржа онлајн. Учесниците имаа можност да продискутираат околу критериумите за оценка на решението, предизвиците и можностите за предложените локациии, потенцијални корисници, материјалите ставени на располагање, и дополнителни прашања и одговори. По воведната работилница, во текот на месеците април и мај работеа на дизајнирање прототип велосипедски паркинг.

Жири комисија

Во процесот на развој на стратегии, концепти и решенија, учесниците беа охрабрувани да допринесат за и/или експериментираат со нови градски атмосфери, да создаваат различни кориснички искуства и да се служат со современи методи/алатки/медиуми/техники.

На финалната презентација беа избрани три решенија кои освоија награди од 700, 500 и 300 евра, а победничкото решение ќе биде изведено на локација во склоп на Транспортен центар Скопје!

По извршениот избор на најдоброто решение ќе се помине во втора фаза, односно ќе се отвори повик за изведба.

Резултати

Развиени 11 прототип дизајни

Во описна форма придружена со основна визуелизација

Зајакнати капацитети

Работа во интердисциплинарни тимови и користење на иновативни методи на вкупно 11 тимови (студенти, млади професионалци и останати)

Промовирање млади

Промовирана важноста од вклучување на млади истакнати професионалнци во процесот на креирање решенија пред локалните власти

Модел за соработка

Тестиран модел за соработка помеѓу градот и граѓаните и зајакната улогата на Скопје Лаб во процесот на поврзување на различните актери во системот

Заложба за имплементација

Добиена заложба од Град Скопје и дел од општините каде се наоѓаат локациите за имплементација на концептите

Потенцијални партнери

Идентификувани потенцијални партнери од приватниот сектор кои ќе ја подржат имплементацијата

Поглед кон иднината

Идентификувани предлози за следни активности и подобрување на иницијативата