редизајн 1.0
Развивање на концепти за редизајн на 7 зелени јавни површини кои моментално се во лоша состојба или кои со редизајн можат да понудат повеќе во поглед на задоволување на потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење или креирање нови искуства – како и развивање на концепти со вклучување на јавноста
Градовите се клучни придонесувачи за урбаната одржливост, социјалниот развој и животната средина. Тие имаат потенцијал да бидат места на иновации и креативност. Градењето на инклузивни, здрави, функционални и продуктивни градови е можеби најголемиот предизвик со кој се соочува човештвото денес и нема лесни решенија. Клучен дел од сложувалката, лежи во срцето на урбаните средини: неговите јавни места каде луѓето што живеат во густи урбани области можат да најдат просторија за дишење.
Според бројки и низа различни прегледи, Скопје има 5.051.807 метри квадратни зелена површина или 12,07 по жител, што е двојно помалку од европските препораки за 25 квадратни метри.
Овој број е многу мал за урбано опкружување кое постојано се развива, како и за градење и менување. Според пописот од 2002 година, има 7,66 квадратни метри зеленило по глава на жител. Со новиот Градски урбанистички план, се планира зеленилото да достигне 8 квадратни метри. Ако сакаме младите и старите лица да останат да живеат во градските центри, мора да им обезбедиме урбани простори осмислени за нивните физички и психолошки ограничувања.
Поради ова, тимот на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб во изминатиот период работеше на иницијативата “Редизајнирање на јавни површини во Скопје” преку која се обиде да одговори на предизвикот:
Како да ги редизајнираме постоечките јавни зелени површини за да одговориме на потребите на граѓаните за одмор и релаксација, дружење и креирање на искуства?
Првата фаза од оваа иницијативата промовира инклузивен пристап во креирање на концепти за редизајн со вклучување на граѓаните во процесот на идентификување на потреби и проблеми со јавните површини.
Седум јавни зелени површини беа цел на оваа прва иницијатива:
- “Палма” Аеродром
- Парк пред “Млин Балкан”
- Ул. Кузман Јосифовски – Питу
- Тафталиџе – Поликлиника Идадија
- Ул. Мартиновски – Кале
- Ул. Јане Сандански – Рамстор
- Ул. Илинденска – Орце Николов
Инклузивен пристап кој подразбираше вклучување на различни возрасни групи на граѓани во процес на идентификување на потреби за редизајн. Преку користење на квалитативни и квантитативни методи (онлајн прашалници, теренски интервјуа, опсервација, фото документација) се идентифкуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ истите. Дополнително се мапираа дневните и ноќните активности и програма, формите на однесување на луѓето, животните и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо- културен контекст и атмосфера на 7те јавни зелени површини.