Date:
април 15, 2020
Опис на постојна состојба: Улицата е тесна за колски сообраќај со незадоволителни димензии на пешачкиот тротоар. Потребниот број паркинг места се задоволува со постојните гаражи, но на улицата се паркираат главно луѓе кои не се жители на улицата. Димензиите на објектите се антропоморфни, фасадниот фронт е составен од повеќе висини (до 9 м) и гради пријатен сооднос со улицата (1:1,1:1.5), која е доволно осветлена. Застапено е домување во станбени куќи, а на завршетокот има хостел како привлекувач на корисници.
Сумирани резултати од теренското истражување: Анкетираните минувачи секојдневно минуваат низ улицата и ја користат само за минување бидејќи нема што да ги задржи т.е нема урбана опрема за седење, канта за отпадоци, фонтани. Неповрзаните денивелации се пречка за велосипедистите коишто се упатуваа кон паркот и за лицата со посебни потреби. Минувачите беа жители, вработени на улицата или се враќаа од пазар.
Жителите одгледуваат миленичиња: куче, 11 мачиња, а
на единственото блоковско дрво живеат јато врапчиња.
Проблемите на улицата главно се: поплава, паркирање од
страна на оние кои не се жители на улицата и немањето
простор за нивна социјализација ниту во дворовите (тесни)
ниту на улицата.
Атмосфера на постојната состојба: Тивко, мирно, сигурно, осончано, осветлено, тесно, карактеристики на маало. Уличниот фронт од двете страни е постојан – фасада со отвори, огради и нагласени влезови преку порти. Улицата завршува слепо со активен агол – мотел. Движењето на пешаците и велосипедите се одвива по средиштето на улицата, биодиверзитетот е застапен во дворовите и улицата движејќи се низ неполните перофрирани огради и бочно поставени домашни саксии со растенија долж едната страна.
Концепт
Улицата како урбана соба за социјализирање и одмор за жителите, минувачите и животните преку различни микроклими и урбана опрема, а паркирање во гаражи.
Опис на елементи: Лимени елементи поставени на полните ѕидни платна коишто се користат за седење, настрешница – заштита од дожд, заштита од сонце; потоа челична рамка како завршеток на улицата со зеленило како зелен филтер и звучна бариера, фонтана, микроклима за инсекти и животни, и лимени саксии со растенија долж торотарот. Денивелацијата се совладува со голем потег- рампа долж целата широчина на улицата. Преку жолта боја се поврзува со соседните улици и тоа во вид на инка.
Атмосфера на новопроектираната состојба: Отворено, покриено, слободно, сигурно, мирно, социјализирање, визуелни искуства со различна боја: растеније што менува боја и повеќе микроклими
Очекувани примарни резултати: Решавање на проблемот со нелегално паркирање и улицата да се користи за социјализација и одмор освен за поминување.
Секундарни резултати: Одржување на мали настани и состаноци на отворено со организирано седење на рампата долж широчината на улицата што би му дало нов идентитет на местото – како место за средба. Ваквата содржина би ја зголемила социјалната интеракција на граѓаните и би ја зајакнала маалската заедница.