Skip links

Илинденска – Орце Николов

Изработиле: ИНТ Глобал Инженеринг АВ


Date:
април 24, 2020

Технички опис: Оваа зелена површина во општина Карпош се наоѓа на аголот помеѓу главниот булевар “Илинденска” и ул. Никола Тесла. Ова гратско подрачје се карактеризира со голем број на станбени објекти, каде претежно живеат млади професионалци и млади брачни парови со деца. Ова е убава зелена површина но истата не обезбедува значителни искуства за жителите во блиската околина. Со поставување на опрема наменета за забава и анимирање на најмладите, паркот ќе биде воедно и во функција на жителите (родителите) кои живеат во овој дел.

На овој простор ќе се оформи детско катче каде ќе се постават следни детски реквизити:

  1. Детска нишалка;
  2. Двојна клацкалка со четири седишта;
  3. Полукружна качувалка за деца;
  4. Детска вртелешка;
  5. Клацкалка за деца;
  6. Елемент за качување за деца;
  7. Кружен базен за игра со песок;

Втората групација на парковски реквизити ќе се постави кон булеварот „Илинденска“. Истата ќе биде за одмор на корисниците на скверот и ќе се состои клупи за одмор, сет на клупи со масичка на која ќе може да се практикуваат мали игри (шах, домино, дама, монопол и слично). Во истиот простор ќе се постават и паркинзи за велосипеди. Во паркот ќе се постави и голема лачна клупа. Во овој дел ќе се постави и чешма за вода со три лули, од кои едната е за домашни миленичиња.

За да се користи и ноќе, ќе се постави додатно осветлување. Детското катче и просторот за одмор ќе се осветлува со канделабди. Предвидено е и поставување на кружни светлосни инсталации кои ќе се изработат со челична конструкција, кружен елемент кој ќе ги носи светлоцните ЛЕД елементи и столбови. Во меѓусебна координација и игра на интезитетот на светлоста, боите и ритамот се добива ефект на светлосна „фонтана“.

osvetluvanje

За одржување на зелените површини постои автоматизиран систем за наводнување кој веќе функционира. Предвидена е корекција на поставените прскалки поради измената на распоредот на зелените површини.

За делумна изолација на корисниците на паркот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај на околните сообраќајници се предвидува засадување на шпалир на украсни растенија.

Ќе се посадат и грмушки од семејството пироканта. Лисјата се зелени, округли и малечки. Цвета во пролет, од март до мај со мали бели цветови собрани во гроздови. Плодовите се црвени топчиња кои трајат долго во есента па дури и во зимо. Тие се често посетени од страна на пчелите, поради големата застапеност на нектар и полен во нив.

Ќе се засади и ловор кое се одликува со брз раст и дава можност за обликување. Расте на сончани но и полузасенчени места. Бојата е зелена, со плодови бобинки со темна боја, кои потсетуваат на вишни. Цутењето е во период од мај до јули. Во шпалирот ќе се вметнат и неколку садници на црвен евонимус, кој со својата боја ќе даде разигран колор.