Skip links

Јане Сандански – Рамстор

Изработиле: ИНТ Глобал Инженеринг АВ


Date:
април 24, 2020

Технички опис: Оваа зелена површина во Општина Аеродром се наоѓа веднаш до главниот булевар “Јане Сандански”, еден од најпрометните булевари во градот, спроти маркетот Рамстор и филијалата на Стопанска Банка.

Областа се карактеризира претежно со згради, не многу слободни и зелени површини помеѓу градежните блокови. Во околината се наоѓаат неколку компании, банки, неколку барови и ресторани. Луѓето кои живеат тука се претежно семејни луѓе со деца тинерјџери, студенти и пензионери. Неколку метри погоре на оваа страна на улицата каде што е зелената површина се наоѓа и автобуска постојка која често се користи, особено од учениците и повозрасните.

Со поставување на опрема наменета за забава и одмор, паркот ќе биде во функција на жителите и вработените кои живеат или работат во овој дел.

Она што повеќето граѓани сметаат дека треба да обезбеди оваа површина 

Простор што ќе обезбеди услови граѓаните да се релаксираат и уживаат во зеленилото, можеби со добра книга, и покрај тоа што сте наоѓаат до бучен и прометен булевар

Простор за дружење со своите соседи и пријатели, за разговор и забава

Простор за уживање за време на работниот одмор со добро кафе

Простор што ќе им понуди на патниците кои ја користат автобуската станица интересна содржина додека чекаат, а воедно и ќе бидат во тек со последните патни информации (време на доаѓање на автобус, број на линии и слично)

Нови патеки кои ќе се изработат на подлога изработена од набиен тампон. Преку нив ќе се постават дрвени импрегнирани летви, меѓусебно прицврстени со челични поцинковани перфирирани траки. Овој начин овозможува лесна изработка и поставување на патеките.

Нови уредени површини ќе бидат проширувањата каде ќе се постават сетови за седење. Истите ќе бидат на подлога изработена од набиен тампон. Преку тампонот ќе се насипаат импрегнирани дрвени деланки различно обоени за поинтересен изглед.

Постоечките патеки изработени со бекатон плочки ќе се обноват со поставување или замена на дотраените плочки а по потреба ќе се интрвенира и на долниот построј – песок или тампон.

Постоечката бетонска површина тангициално поставена до тротоарот кон булеварот ќе се искористи за оформување на мал „амфитетатар“. Преку постоечката бетонска подлога ќе се излие армирано бетонска плоча. На новосозданета површина по ободот ќе се постават четвороредни трибини изработени од челична конструкција. Преку нив како седна површина ќе се монтираат дрвени импрегнирани летви.

IMG_6913

Следна групација на парковски реквизити ќе се постави на проширувањата со дрвени деланки. Истате ќе бидат за одмор на корисниците на скверот и ќе се состои од сет на м о д у л а р н и клупи со масичка на која ќе може да се практикуваат мали игри (шах, домино, дама, монопол и слично).

Поставувањето на клупите ќе биде во континуитет со патеките. Се ќе биде изработено со импрегнирани чамови летви кои ќе се постават една до друга на теренот и тука ќе имаат улога на патека. Во делот каде се предвидени клупи или маси изработката е со истиот тип на летви но издигнати на кострукција изработена од НОР профили. Со тоа се постига невообичаена игра на прелевање на патеки во клупи и маси благодарение на употреба на истиот материјал.

За одржување на зелените површини постои автоматизиран систем за наводнување кој функционира. Предвидена е корекција на поставените прскалки поради измената на распоредот на зелените површини.

За делумна изолација на корисниците на паркот од бучавата која се создава од интезивниот сообраќај на околните сообраќајници се предвидува засадување на шпалир на украсни растенија.

Предвидено е засадување на ловор, кој е зимзелено растение. Се одликува со брз раст и дава можност за обликување. Расте на сончани но и полузасенчени места. Бојата е зелена, со плодови бобинки со темна боја, кои потсетуваат на вишни.

Ќе се посадат и грмушки од семејството пироканта (pyracantha). Лисјата се зелени, округли и малечки. Плодовите се црвени топчиња кои трајат долго во есента, па дури и во зимо. Во шпалирот ќе се вметнат и неколку садници на црвен евонимус, кој со својата боја ќе даде разигран колор. Расте на сончани и полузасенчени места. Бојата на листот е црвена, а цутењето е во период од мај до август.

Бидејќи просторот е веќе добро покриен со високо зеленило, во просторот ќе се посадат три-четири платани, со кои ќе се овозможи многу појака припрдна сенка во летните месеци.

За да истиот простор се користи и во вечерните часови, ќе се постави додатно осветлување во самата локација. Во еден дел ќе се постави светлосна инсталација со промена на ритам, интезитет и колор на светло во ритам на пратечката музика за да се добие ефект на светлосно акустична фонтана. Истата континуирано ќе продолжува долж булеварот така да ефектот ќе биде поинтезивен за сите минувачи.