Skip links

Коле Неделковски – Б

Изработиле: Маја ВУКАДИНОВИЌ


Date:
април 15, 2020

Ова решение е предлог дизајн изработено во рамки на Иницијативата Редизајн на јавни површини 2.0.

Опис на постојна состојба: Највоочлив е проблемот со паркираните автомобили, како и низ целата населба. Улицата е станбена, на која најмногу се движат граѓаните кои живеат тука. И поркај тоа што во непосредна близина е Градскиот парк, улицата не е привлечна за случајни минувачи. Најголем дел од минувачите не се задржуваат на улицата, бидејќи нема никаква урбана опрема.

Сумирани резултати од теренското истражување: Дел од станарите се чувствуваат небезбедно на овој јавен простор, но не и минувачите кои поминуваат овде. Главен проблем на улицата што паркингот (кој не е доволен) пречи во функцијата. Живеат повеќе генерации и сите би сакале да можат да поминуваат поголем дел од времето на улицата, како еден заеднички простор.

Атмосфера на постојната состојба: Еден збор кој ја опишува улицат е: ‘натрупано’. Хаос од автомобили кои нерегуларно се паркираат по тротоарите, нерегулирани движења на сите субјекти и отсутност на антропоморфноста, препорачана за овој тип на улици.

IMG_20200215_144555

Концепт

Кругови во жолта боја ги обележуваат позициите на кои се забележани постоечки активности на улицата, со додавање на урбана опрема создаваме места на кои ќе биде потенцирана веќе постоечката активност. Со светло сива боја се обележани просторите за паркирање на автомобили, ги поставуваме на истите позиции кои во моментот се користат, со таа промена што сега ги регулираме со боја на подлогата. Истите кога не би се користат како паркинг, може да се сметаат како продолжување на прстените кои ги дефинираме со другите бои.

Опис на елементи: Се поставуваат 6 кругови, во секој од нив содржи една активност. На јужната страна од улицата, забележавме група на луѓе кои се состануваа тука, затоа се поставува еден вид на бетонски елементи (клупи) на кои граѓаните би можеле да седнат. Клупите ќе бидат поставени околу чешма, а водата е центар на оваа композиција. Следно, се поставувува еден круг каде ќе биде поставен елемент за детска игра, бидејќи е забележан голем број на родители со деца кои влегуваа во зградата. Елементите за детска игра се нетипични и на некој начин претставуваат и уметничка инсталација.

Потоа поставуваме една стреа, во манирот на сите овие кругови, но овој елемент изгледа како да лебди над улицата. Ова ќе служи како еден вид на покривка над улицата каде би можеле да се засолнат минувачите. Имаме и еден простор на кој ќе бидат поставени подвижни цилиндрични елементи кои ќе служат за седење и секој ќе може да ги постави според потребите. Еден круг го оставаме празен за генерирање на друга активност.

Во последниот круг е поставено едно дрво, кое е центар на оваа композиција, под него се посадени растенија кои би асоцирале на ливада. Така, ја внесуваме природата која недостасува. Оваа улица е пешачка станбена улица на која предност имаат пешаците, а автомобилите можат само да се постават на веќе обележаните позиции, при тоа внимавајќи на веќе поставената програма на улицата. Се поставува подвижна опрема, која во случај на итност (пр. пожар) може да биде поместена.

Атмосфера на новопроектираната состојба: Поголем број на активности кои генерираат фрекфентност. Со бојата предизвикуваме одредени чувства, на пример: жолтата е одбрана како весела боја која поттикнува развој кај луѓето, а посебно кај децата. Се предизвикуваат нови интеракции кои поради недостаткот на јавен простор до сега не биле можни.

Очекувани примарни резултати: Со воведување на овие промени се зголемува и безбедноста на улицата. При интеракциите луѓето повеќе се запознаваат со што го враќаме тоа чувство на соседство како социјална структура, а не само физичка поставеност.

Секундарни резултати: Улица која припаѓа на луѓето, а не на автомобилите. Зголемување на свеста на луѓето за потребата од човечки содржини кои ќе се наслојуваат и надоврзуваат, наспроти комплетната едноличност и хаотичност на моменталната состојба.

Колаж