Date:
април 15, 2020
Опис на постојна состојба: Улицата е тесна за користење и за возачите и за пешаците. Пешаците не се во можност да го користат пешачкиот тротоар поради заменетото место на пешаците и автомобилите. Анкетираните минувачи секојдневно минуваат низ улицата (случајни минувачи кои само за минуваат: мајки со деца, сопственици со своите миленици, велосипедисти,) за да стигнат до саканата дестинација, како што е Градскиот парк. Локалните жители, кои со своите автомобили се враќаа од работа или пазарење, не се задржуваат на својата улица поради недостатокот од урбана опрема за седење, корпи за отпадоци или инсталации од култерен карактер.
Постоењето на само една импровизирана рампа не ја задоволува потребата на велосипедистите и лицата со посебни потреби за да се совлада денивелацијата од улицата „Крсто Баиќ” до булевар „Илинден”. Заеднички миленик на жителите на улицата е дружељубиво куче, а на единственото дрво наминува јато на врапчиња.
Проблеми и недостатоци на улицата се: користење на улицата како паркинг простор за (камиони) испорака на суровини, загрозена безбедност поради слабо осветлување и неможност на жителите да се социјализираат.
Атмосфера на постојната состојба: Тивко, мирно, мртво, делумно осончано, слабо осветлено, тесно, со маалски шмек. Уличниот фронт од двете страни е постојан – постари згради со реновирани фасади и прозорци, при што балконите не гледаат на улицата; високи метални порти од ист тип кои водат кон затскриените дворови, ограничени со жива или мрежеста ограда. Улицата е од отворен тип, но истовремено и тешко пристапна и тешко забележлива. Движењето на пешаците и велосипедите се одвива по средиштето на улицата. Биодиверзитетот е присутен во приватните дворови, додека на самата улица речиси и не постои.
Концепт
Предвиденото решение ја замислува улицата како урбано пацио на отворено, со капацитет за социјализација и одморање на жителите, минувачите и нивните миленици. Соживување со атмосферата на ова ново културно катче преку различни елементи и зелени зони со урбана опрема и паркинг за велосипеди, при што се очекува намалување на бројот на паркирани автомобили на улицата.
Денивелацијата се совладува со рампа и вградување на велосипедска патека паралелно по должината на едниот пешачки тротоар. Преку жолта боја се поврзува со соседните улици и тоа во вид на инка
Нов свеж амбиент на улицата, решавање на проблемот со паркирањето на автомобилите (истите да бидат паркирани на официјално назначените паркинзи во блиска околина), добива карактеристики на јавно катче за социјализација и одмор.
Опис на елементи: Се предвидува поставување на метални конструкции на полното ѕидно платно на станбената зграда, со прикачени саксии со декоративни треви и цвеќиња. Понатаму, во средиштето на улицата паркинг за велосипеди со подземно прицврстување, како и урбана опрема за седење – инсталација на нова клупа вградена во ѕидното платно под првиот спрат на станбената зграда и замена на старата клупа на излезот на булевар „Илинден“.
Очекувани примарни резултати: Локалните жители го одржуваат овој ново-вграден простор (полевање на растенијата, чување на урбаната опрема од несовесните граѓани); одржување на приватни собири помеѓу соседите и мини-манифестации отворени за граѓаните од целиот град. На овој начин се зацврстува социјализацијата помеѓу граѓаните кои живеат тука и останататите граѓани кои минуваат. Јакне локалната малска заедница и се создава идетификација со местото.